БРАТИСЛАВА

БРАТИСЛАВА

City Break
Авион / 4 дена / 3 ноќевања со појадок
 
Братислава

Лоцирана до границата со Австрија, на само 1 час од Виена, блиску до соседната Унгарија и секако поранешната „братска република“, Чешка, Братислава, главниот град на Словачка е стариот европски град кој несомнено ќе ве шармира со својата богата гастрономска понуда, интересна историја и секако места кои ќе ви создадат незаборавни фотографии и моменти за паметење.
Братислава е основана некаде околу вториот век пред новата ера и претставувала значајна одбранбена и трговска станица. Својот зенит овој град го достигнува во средината на 18-от век, под патронажа на императорката Марија Тереза (последната и најистакната владетелка од Хабзбуршката династија) за која е кажано дека била љубител на локалните вина во овој град.
До 1918, градот бил „прибежиште“ за племството на Австро-Унгарија и во овој период се нарекувал Pressburg, на германски. Сепак на почетокот од 90-те градските власти се решиле да го обноват Стариот Град за да ги привлечат туристите, па така поранешната европска визба (како што била нарекувана од страна на Германците) набргу стана популарна европска дестинација.
   
1 ден
   СКОПЈЕ - БРАТИСЛАВА
Полетување за Братислава во 14:00 часот. Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Пристигнување во Братислава во 15:30 часот. Индивидален трансфер до хотел. Сместување во Хотел. Предлог -кратка прошетка низ блиската околина на градот и вечера во некој од околните ресторани. Ноќевање. 

2 ден
   БРАТИСЛАВА
Појадок. Ви предлагаме посета на Стариот плоштад, прекрасниот Братиславски дворец кој е лоциран на ридот и од кој ќе имате прилика да уживате во прекрасниот поглед на Дунав и преубавата панорама на градот, Михалската Порта, Грашалкович палатата (Претседателската плата на Братислава), катедралата Св. Мартин, палатата Примата, плоштадот Хвиједослав на кој ќе имате прилика да го видите и Словачкиот национален театар, како и не помалку битна, но сепак затскриена во поновиот дел од градот, црквата Св. Елизабета (Сината Црква). Ноќевање. 

3 ден
   БРАТИСЛАВА (ПРЕДЛОГ ПОСЕТА - ВИЕНА)
Појадок. Наш предлог е овој ден да го искористите за индивидуална прошетка на Виена. Дозволете грациозноста и богатата историја на овој град да ја надополнат комплетната слика за вашето патување. Предлог факултативна посета на дворецот „Шенбрун“ - фасцинантната летна Хабзбуршка резиденција на Марија Терезија, Моцарт и Наполеон, посета на кралските одаи, градините и видиковецот Глориете. Секако не заборавајте да ги посетите и надалеку познатата Катедрала Свети Стефан, како и палатата Хофбург. Враќање во Братислава. Ноќевање. 

4 ден
   БРАТИСЛАВА - СКОПЈЕ
Појадок. Предлог посета на трговскиот центар Eurovea (Еуровеа) кој се наоѓа на брегот покрај реката Дунав. Прошетка, време за одмор и ручек. Индивидуален трансфер до аеродром. Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Полетување за Скопје во 16:05 часот. Пристигнување во Скопје во 17:35 часот.
 
ЦЕНА ОД 169€
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Авионски превоз на дадената релација / WizzAir 
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Сместување во хотел во Братислава / на база 3 ноќевања со појадок
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Трансфер аеродром - хотел - аеродром со редовна “shuttle bus“ линија
  • Влезници во музеите и културно - историските споменици
  • Патничко - здравствено осигурување
Напомена:
  • Цената на аранжманот зависи од моменталната расположливост на местата
  • Промената на времето на авионскиот лет зависи од авиокомпанијата
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Атлас Корпорејшн и СКТМ

 

Галерија

БРАТИСЛАВА

Авион 4 дена / 3 ноќи / појадок

Цена од: 169 €

Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+