Градот на светлината - ПАРИЗАвион /4 дена /3 ноќевања |
|||
Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната... Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер... Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија... А потоа неколку и покрај Триумфаланата капија, Нотр Дам... Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж... Дизниленд во Париз е местото каде што вашите соништа на Дизни се остваруваат! Замоци, шоуа, огномет, паради и вашите омилени ликови се комбинираат за да ви овозможат прекрасно поминато време. Дизни ги возбудува сите - деца, тинејџери и возрасни!!! 15 март СКОПЈЕ - ПАРИЗ Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Полетување за Париз во 06.40 и пристигнување во Париз во 09.45 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург... Сместување во хотел. Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од вториотот кат (со метро). Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Mожност за посета на Катедралата Нотр Дам во најстариот дел од Париз. Продолжуваме до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање. 16 март ПАРИЗ - Версај - Лувр Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило.... Попладне, посета на еден од најбогатите светски музеи - импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите... Можност за прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Одиме до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Слободна вечер. Ноќевање. 17 март ПАРИЗ Појадок. Можност за факултативна посета (првоз со брз воз) до забавениот парк за возрасни и деца во Европа - ДИЗНИЛЕНД. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици…Или слободно време за прошетки низ Париз. Ноќевање. 18 март ПАРИЗ - СКОПЈЕ Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 16.30, пристигнување во 19.10 часот. | |||
|
|||
Во цената на аранжманот е вклучено:
|
|||
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Цена на факултативи: Версај - вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич, трансфер За возрасни 80 евра . За деца до 18 години 62 евра. Задолжително резервација во агенција. Лувр - вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич. За возрасни 62 евра. За деца и младинци до 18 години 44 евра. Задолжително резервација во агенција. Ајфелова Кула до 2кат - само влезница, без резервација, се плаќа на лице место. Цена од информативен карактер, за возрасни 20 евра. За младиници до 24години 10 евра. За деца до 11години 5 евра. Крстарење по Сена - 25 евра за возрасни / деца до 12 години 15 евра Дизниленд - само влезница, за возрасни 79 евра, за деца 3 - 11 години 73 евра. Задолжително резервација во агенција. Трансферот со брз воз RER е околу 10 евра во правец. |
|||
Напомена:
|
|||
Галерија |