02
May
НАЈУБАВИТЕ ГРЧКИ ОСТРОВИ
МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ!!!
Грција е популарна туристичка дестинација, место за одмор кое го бираат туристи од сите краеви на светот. 227 населени острови се опкружени со кристална вода, сочувана природа и плажи со светски квалитет…
Ние, Ви ги претставуваме најдобрите:
1. Санторини - Најпознатиот, најсликовитиот и туристички најпосетениот остров во Грција. Санторини е вулкански настанатиот остров, местото со прекрасна глетка кога заоѓа сонцето и со специфични плажи од бела, црвена, сива и црна песок. Припаѓа на островската група Киклада. Туристичката атракција Санторини се два мали вулкански острови: Palea Kameni и Nea Kameni, а покрај фантастичните плажи, островот е познат и по прекрасната архитектура.
2. Крит - Крит е најголемиот грчки остров, петти по големина на Медитеранот. Важи за еден од најубавите грчки острови, чиј главен адут се преубавите плажи и убавото време. Брегот е долг 1050 метри. Ханија се смета за најубавиот дел од островот, Хераклион е главниот град и најпознатото туристичко место. Крит е познат по Минојската цивилизација и палатата во Кносос, богат е со атракции, преубава и разновидна природа.
3. Миконос - Миконос има најубави плажи, најлуд ноќен живот и космполитски карактер. Омилената дестинација на светскиот џет - сет, е местото кое елитата го бира за одмор. Миконос е дел од Киклада и важи за едно од најскапите одмаралишта.
4. Хидра - Хидра е еден од најубавите грчки острови со единствена архитектура, место на кое на секој чекор се чувствува традиционалниот грчки дух. На овој остров се забранети моторни возила, а до единствената песочна плажа се доаѓа со траект.
5. Кефалонија - Припаѓа на групата Јонски острови и е најголем во неа. На овој остров се наоѓаат најубавите плажи во светот, а најпозната е Миртос, која е рангирана како најубава во светот. Виното произведено на нејзината територија важи за едно од најдобрите светски вина.
6. Парос - Ова е веројатно најтипичниот грчки остров, еден од островите од групацијата Киклада. Плажи, ноќен живот, сместување… На овој остров се е на високо ниво. Главниот град Парос е со поплочени патеки, стари цркви, куќи офарбани во сино и бело и мали продавнички.
7. Крф - Плажите на Крф се меѓу најубавите плажи во Грција. Поголемиот дел од нив се наградени со сино знаме. Крф е местото со природни убавини, местото во кое се спојуваат традиционалното и космополитското. Има премногу културно историски знаменитости, а стариот град се наоѓа на листата на UNESCO.
8. Скијатос - Островот е опкружен со борова шума, која се протега до морето, а ја опкружуваат и неговите песочни плажи. Скијатос е дестинација за сите возрасти. Ја посетуваат семејства со деца, но и млади кои сакаат ноќен живот.
9. Родос - Домот на едно од седумте светски чуда . Најголемиот и најјужен остров во Додаканез, местото кое грците го бираат за одмор. Возбудливиот ноќен живот и добра кујна и кристалните плажи се она што ги привлекува туристите од целиот свет.
10. Иос - Најјужниот остров од групата Киклада, популарно помеѓу младите поради бурниот ноќен живот и преубави плажи. Центарот на сите случувања е главниот град Хори.
11. Амулјани - Прекрасен мал остров на Егејско море, единствен населен во северниот дел на Грција. Со големина од 45км2 изобилува со прекрасни плажи: Аликес, Агиос Георгиос, Мегалиамос, Карагација и многу мали заливи за оние кои сакаат да уживаат во интимата. Лоциран е во заливот на планината Атос, и доминира зелената боја, со маслинови полиња...
12. Лефкада - Барањето соодветни зборови за да се опише убавината на скриениот јонски архипелаг станува залудна работа, по само неколку дена престој на него... Сината лагуна со својата тврдина, морските спрудови кои се поигруваат со гледката кон него, островот го прават сосема специфичен. ака близок, а сепак сокриен од патиштата на копното.
13. Тасос - Зелениот остров, или “Островото на сирените” - како во митологијата го нарекувале, денес е еден од најпосетуваните грчки острови. Можеби уште при првата средба со него, ви станува сосема јасно за тоа. Мноштвото природни убавини, согледани низ прекрасните плажи, скриените ували, боровите шуми и бујната вегетација која се симнува до самото море, овој остров го прави налик на “Шума која плови”.
14. Закинтос - Ако сте млади, патувате на одмор со друштво, сакате запознавање други луѓе од целиот свет, имате желба да се забавувате секоја вечер сѐ до раните утрински часови и сето тоа да биде зачинето со одлични плажи, тогаш ние дефинитивно ви го препорачуваме Закинтос.
Патувањето до таму е можеби неколку часа подолго, но подолгиот пат секако ќе се исплати кога ќе пристигнете...