Шарм Ел Шеик - Инфо


Шарм Ел Шеик - Инфо
30 Dec

Шарм Ел Шеик - Инфо

Шарм Ел Шеик, најпосетуваното летувалиште во азискиот дел на Египет, на југот на полуостровот Синај, оддалечен 480 км од Каиро. Поволната клима и исклучителната географска положба, влијаеле Шарм Ел Шеик да стане светски позната туристичка дестинација. Сонце во текот на целата година, прекрасни песочни плажи, пријатно и топло Црвено Море со разновиден морски свет, фантастичните корални гребени се дел од убавините на Шарм Ел Шеик и причини поради кои мора да го посетите бисерот на Синаја.  

Морската обала на Шарм Ел Шеик , долга околу 50 км, има три корални заливи: Naama Bay, Sharks Bay i Nabq Bay. 
Заливот Naama Bay е најпознатиот и најстариот центар на Шарм Ел Шеик каде што има голем број на хотели, кафичи, традиционални ресторани, продавници, активен ноќен живот во комбинација со авангардна светска ривиера и ориентален амбиент, кои ова место го прават монденско и космополитско летувалиште привлечно за туристи од целиот свет и кои на Шарм Ел Шеик му даваат печат на единственост.  

Soho, сосема различен од стариот град, но исто така интересен, модерен дел на Шарм Ел Шеик, во близина на хотелот Savoy, со музичка фонтана, голем број на модерно уредени кафичи, продавници и различни атракции на шеталиштето.  
Гостите покрај природните убавини, може да уживаат и во споротвите на вода: нуркање, пловење, крстарење, како и возење со џипови и јавање камили низ пустината и можност за факултативни посети.  
Кристално чисто море, разновиден подводен свет, модерни и луксузни хотели, превкусна храна, возбудлив ноќен живот, егзотична музика, богата историја на Египет се дел од убавините на ова прекрасно туриситчко место кое вреди да го посетите.  
Затоа препуштете се на топлите сончеви зрацни, прекрасното море, непроценливата убавина на природата, живописниот подводен свет и овозможете си одмор од соништата.  

Коментари