02
Jun
СОВЕТИ ЗА ПАТУВАЊЕ
Кога треба да отпатуваме некаде, секогаш постои огромна возбуда, која се должи на потребата од брзо и ефикасно пакување, носењето на сите неопходни нешта, искечкувањето на она што ќе нѐ дочека на дестинацијата, итн.
Се сеќавате на училишните и студентските екскурзии? Признајте дека патувањето со автобусот ви беше еден од посебно забавните моменти, на кои со радост се сеќавате
Денес можеби не ви се чини толку забавно кога треба да патувате со автобус на подолги релации, но секој начин на патување има свој шарм. Патувањето со автобус е значително поевтино и најчесто е најдобро решение за дестинации со средна должина, каде што авионскиот лет е неисплатлив, патувањето со автомобил е заморно, а железничката линија или е недостапна, треба да ја комбинирате со автобус или трае предолго.
Овие совети ќе ви помогнат да заштедите време и пари, но и да останете безбедни додека го истражувате светот. Воглавно, овие трикови ќе ви помогнат да избегнете несакани изненадувања и да го извлечете најдоброто од вашиот одмор.
Во продолжение можете да ја видите листата на најважните работи на кои треба да обрнете внимание пред да тргнете на пат.
Проверете го пасошот
Датумот на истекување на важноста на вашиот пасош не смее да биде помалку од 6 месеци, на датумот кога треба да се вратите дома. Во спротивно, можно е да се соочите со проблеми при преминувањето на границите.
Чувајте пари за итни случаи
Добра идеја е секогаш да имате плус пари за итни случаи. Имајте некое скришно место во кое ќе имате резерва пари,доколку се случи да ви го украдат новчаникот.
Можно е да ви притребаат кога најмалку очекувате.
Носете копија од вашите документи
Резервни копии од пасошот, дебитни и кредитни картички, батерии… сите овие нешта не зафаќаат многу простор но можат да го спасат вашиот одмор во итен случај.
Понесете ги најважните работи со себе
Чувајте ги наважните работи како пари, документи, телефон секогаш со себе.
Чувајте облека и неопходни средства за хигиена во рачната торба. Ќе ви се најдат доколку ви го изгубат багажот.
Носете влажни марамици
Носете влажни марамици. Некогаш може да се случи да поминат денови дури да најдете соодветен туш,во зависност од дестинацијата на која патувате.
Низ тоалетите на бензинските и на други места каде што вообичаено се прават кратки паузи минуваат стотици патници. Ова е вашата сигурна варијанта за одржување на хигиената за време на патувањето.
Скенирајте ги документите потребни за вашето сместување
Носете копија од документите за вашето сместување како ваучер, потврда дека сте направиле уплата и слично. Можно е на аеродромите да ви побараат да ги приложите овие документи како потврда каде ќе престојувате.
Заборавете на хуморот
Не се обидувајте да се шегувате со граничари или пак со полиција или келнери во земјата каде што патувате. Најчесто немаат смисла за хумор, а можат животот да ви го направат пекол.
Пакувајте се паметно
Дали навистина ви се потребни 10 пара чевли кога одите на одмор од една недела?
Никогаш не ставајте повеќе во вашиот куфер отколку што можете да носите. Нема ништо полошо од тоа да се препотите влечкајќи го преполниот куфер по себе. Не ги надминувајте сопствените можности, бидејќи нешто од спакуваното сигурно не е неопходно. Кога се пакувате алиштата виткајте ги во ролна. Покрај тоа што нема да мора да диплите, туку ќе имате многу повеќе простор во куферот.
Прочитајте за местото што го посетувате
Направете мало истражување и откријте што можете и што не можете да правите. Некои традиции се многу поразлични од она на коешто сте навикнати, па можете да направите нешто непристојно или да навредите некој, без воопшто да бидете свесни за тоа.
Означете го вашиот багаж
Ставете некоја врвка или било што со што ќе можете лесно да го препознаете вашио багаж. Оставете контакт информации на вашиот куфер за да може некој лесно да ве контактира во случај да го има по грешка земено вашиот багаж.
Земете адаптер за електронските уреди
Денес сите имаме многу електронски направи и секоја од нив доаѓа со полнач и кабли. Пред да одите на одмор, најдете адаптер што ќе функционира во државата каде што ќе одите.
Јадете локална храна
Кога барате место за јадење, следете ги локалните жители. Обично ќе платите помалку и вистински ќе го вкусите местото што го посетувате.
Научете неколку странски зборови
Нема потреба да го познавате јазикот кога одите во некоја држава, но знаењето само неколку фрази може да направи голема разлика. Луѓето обично ценат кога туристите кажуваат по некој збор на нивниот јазик.
Понесете си апчиња против тегоби во стомакот
Задолжително понесете си апчиња против тегоби во стомакот. Никогаш не може да знаете како вашиот желудник би ја поднел локалната кујна.
Имајте резерва најлонски кеси
Имајте резерва најлонски кеси, за да ги складирате валканите алишта.
Проверете дали водата е за пиење
Пакувајте се, поаѓаме
Патувањето со нас е исклучително пријатно, па дури и подолгите релации се чини дека ги минуваме за миг. Спомените што ги создаваме, пак, се незаборавни.