На одмор со бебе


На одмор со бебе
03 Jun

На одмор со бебе

Нетрпеливи сте за да дојде најубавиот дел од годината -Вашиот одмор. Заминување на море, летување и капење, сончање и излежување...итн.
Сега одморот со бебе го променува тоа од корен. Сега вашето бебе зазеде прво место во се, па и во одморот, а на родителите одморот им е многу потребен.
Одењето на летен одмор со бебе може да биде многу пријатно, но и многу трауматично искуство.
Родителите, особено ако тоа им е прво дете, имаат многу прашања за тоа колку време бебето може да се бања, колку да се сонча, со кој крем да се заштити, што ако се разболи… За да бидете релаксирани би сакале да Ви помогнеме со нашиот водич за одмори. Ви пренесуваме неколку важни совети.

Со автомобил или авион


Нема никаква причина поради која родителите со мало бебе не би требало да одат на патување, било да е блиску или далеку, со автомобил или со авион. Но, сепак треба да се има на ум најважното од се кога се оди на патување е да обрне внимание на безбедноста на бебето.

Со кола

Кога планирате да патувате со кола:
  • Испланирајте го патувањето на ден кога не се очекува голема сообраќајна гужва.
  • Тргнете во време кога бебето е уморно и за брзо би заспало  
  • Променете ја пелената и нахранете го пред да тргнете 
  • Заштитете го од сонце во колата, на пр. ставете крпа или сенка за заштита од сонце на прозорецот до бебето. Бидете внимателни со клима уредот: бебињата се ладат побрзо од возрасните. Внимавајте да не го изложете бебето на провев кога е отворен прозорецот. 
  • Правете пауза од барем пола час на 2 часа возење. 
  • Секогаш седнувајте ги бебињата во седишта за деца, соодветно за нивната возраст, за време на возење. 
Со Авион

  • Педијатрите немаат ништо против летање со авион на одмор.
  • Само со еден исклучок: настинка! Промената на притисокот може да предизвика силна болка во ушите. Капки за нос помагаат, но за секој случај најдобро е детето да го прегледа доктор. 
  • Во секој случај во рачниот багаж треба да имате шише и цуцла, дебели чорапи, ќебе, пелени, влажни марамици и играчки/книги со слики за занимација. Стјуардесите ќе ви ја затоплат храната за бебето или ќе ви донесат топла вода за подготовка на млечна формула доколку Ви треба.  
  • За време на полетувањето и слетувањето доете го бебето или имајте спремно шише и цуцла. Голтањето помага да се изедначат притисоците. Во спротивно бебето ќе добие болка во увото. 
  • Воздухот во авионите е сув. Затоа давајте му нешто да пие често. 
  • Бебињата најчесто патуваат бесплатно или се наплаќа само 10% од авио-билетот. Затоа, не добиваат одделно седиште.  

Сончање

Прво и најважно, е избегнување на директно изложување на сонце. Немојте да ве лажат облаците. Низ нив исто така сончевите зраци пробиваат. Бидете свесни и на рефлексното зрачење. Ни во сенка вашето бебе не е заштитено, бидејќи зраците се рефлектираат од песок, бетон, вода...
Бидејќи кожата на бебето е многу потенка од онаа на возрасните, намалена и е заштитната функција, односно функцијата на лојни и потни жлезди, заштита од студ и механичка отпорност, а зголемена и е пропустливоста и е намалена заштитата од УВ зрачењето. Затоа е мнгоу важно да се посвети внимание на нега и заштита на детската кожа, посебно на море.

Дали на бебето му е студена водата?

Телесната топлина кај новороденчиња не може да се регулира во првите шест до 12 месеци, така да со своето бебе не можете да се капете во било која вода. Ако вам водата ви е ладна, тогаш на бебето му е секако ладна.

Колку смее бебето да остане во вода?

Важно е да ги следите реакциите на детето. Ако почне да се тресе и му помодрат усните, крајно време е да го извадите од вода и да го замоткате во пешкир да се згрее. Многу бебиња уживаат во капење во море, но најдолго десет минути.

Дали е потребно бебето да се исплакне по капењето?

По капењето треба да се исплакне морската сол од кожата со слатка вода, а доколку морето е полно со планктони употребете и сапун.

Дали бебето смее да се капе во базен?

Ако сте се одлучиле за капење во базен, важат истите правила: задолжително е плакнење после капење, бидејќи водата во базен е хлорирана, па може да ја оштети чуствителната кожа на бебето.

Исхрана

Не пробувајте нови храни додека сте на одмор. Кога се на доење, бебињата си ја добиваат вообичаената храна. Кога се поголеми, добра идеа е да ја понесете вообичаената храна со Вас или ако е можно да купите кога ќе стигнете.
Транспорт на храна за бебиња на патување
Температурите во багажникот можат да надминат 40°C. Затоа, треба да мислите однапред.
Суви производи како млечна формула, житни каши во прашок и теглички од храни базирани на овошје(Овошје, Овошје и Житарки, Овошје и Јогурт, Овошен Дует) се прилично стабилни. Овие производи можат да се транспортираат во багажникот без проблем.
Зеленчуци и производи кои содржат месо (оброци со месо) можат да се расипат ако се изложени на температури над 40°C подолго време.

Последно, но исто така многу важно, не заборавајте на себе, понесете си доволно енергија и трпение, љубов и разбирање за да уживате во вашиот најубав одмор, прв одмор со бебе...

Патувајте безбедно и уживајте во Вашиот одмор!

Коментари