ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ

Вечниот град -  РИМ

ИТАЛИЈА

Авион 4 дена / 3 ноќевања
04.12.2022
 

Рим, не бил изграден во еден ден - и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура... Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја... Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело... Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа... Шпанските скали… 
 
04 Декември                       СКОПЈЕ - РИМ                                               
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 11:40 часот. Лет за Рим  во 13:55 часот. Слетување во Рим во 15.40 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Чампио... Пристигнување во центарот на Рим, каде не чека локален водич и започнува панорамско разгледување на градот (околу 2 часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар... Трансфер до хотел и сместување. Вечерта слободно време да украдете дел од културата на италијанците...пица, паста, вино, кафе, сладолед... Ноќевање.  
 
05 Декември                       РИМ - ВАТИКАН  
Појадок. Факултативно - организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи..., Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело.... Пауза за ручек и кафе. Попладне, факултативно разглед на Барокен Рим, (траење околу 2 часа)  -  уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, плоштадот Навона, Нептиновата фонтана, фонтаната на Четирите реки, фонтаната на Маврот ... Слободно време. Ноќевање.  
 
06 Декември                       РИМ - КОЛОСЕУМ  
Појадок. Факултативно - Анчки Рим - со влез во  Римскиот форум и Колосеум, со локален водич (траење оклу 4 часа)  -  Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција, олтарот на Татковината, плоштадот Кампидољо.... Слободно попладне. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.  
 
07 Декември       РИМ - СКОПЈЕ   
Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер (околу 12.00 часот) до аеродромот Фиумичино. Полетување за Скопје во 16:05 часот. Пристигнување во Скопје во 17:50 часот.  
 
 
 
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 379€ / 23.500 мкд  
  
  
  
  
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:  
- Авионски превоз: Скопје - Рим - Скопје со Визер  
- Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг  
- Трансфер аеродром - хотел - аеродром  
- Сместување во хотел 3*/ 4* на база ноќевања со појадок  
- Организиран панорамски разглед на Рим  
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето   
 
 
  
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:  
- Аеродромски такси 4.960мкд  
- Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)  
- Доплата за кабински багаж од 10кг  (55 x 40 x 23cm) или чекиран багаж - куфер до 10kg 1.850 мкд    
20kg - 3.150*(цената може да се промени како наближува летот)  
- Карти за локален превоз (метро)  
- Патничко - здравствено осигурување  
- Доплата за еднокреветна соба 5.000 мкд  
- Факултативни излети:  
Посета на Ватикан со локален водич и влезница- задолжително пријавување и уплата во агенција 60 евра  
Посета на Колосеум со локален водич и влезница- задолжително пријавување и уплата во агенција 50 евра  
Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим 20 евра  
 
 
НАПОМЕНИ:  
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.  
-   За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.    
-  За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Атлас Корпорејшн  
-  Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето  
 
Начини на плаќање:  
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.  При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.   
Општи напомени за патување:  
- Т.А.Атлас Корпорејшн  го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.  
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.    
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.    





Галерија

ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ

Авион 4 дена / 3 Ноќевања
04.12.2022
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+