![]() |
|
|
|
Во последниве години турното скијање станува еден од најпопуларните зимски спортови. Со напредокот на опремата и техниката за слободно (free ride) скијање неговата популарност значително се зголеми. Ваквиот тренд е присутен и во Македонија, каде што во минатото оваа зимско – спортска и рекреативна содржина не беше многу застапена помеѓу планинарите и скијачите.
Македонските планини нудат одлични услови за турно скијање, за еднодневни и повеќедневни траверси со турно скии и за комбинирани турно скијачки + free ride тури. Нашата понуда во овој сегмент опфаќа широк спектар на услуги од лесни неколкучасовни тури, па се до повеќедневни траверси, како што е пречењето на така наречената Шарпланинска трансверзала, од врвот Љуботен до Титов Врв или до Кораб. Покрај горе наведените услуги даваме и часови за скијање за почетници и напредни скијачи. Бројот на ангажирани водачи во турата, зависно од нејзината тежина и нивото на подготвеност на клиентите, се движи од 1 : 4 до 1 : 8 клиенти. Бројот на инструкторите за часови по скијање се движи од 1 : 1 до 1 : 6. Нашите водачи се членови на меѓународната организација на професионални водичи во планина UIMLA – Union of International Mountain Leaders Associations со завршена обука според IML – International mountain leader стандардот. Водачите во нашата компанија се пионери на современото турно и free ride скијањето во Македонија. |