Вила Евангелија

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме' за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани. 
 
Вила "Евангелија" се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од песочната плажа, во мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос. Во куќата располагаме со 4 наши квалитетни апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Куќата располага со убаво среден сопствен двор со зеленило, цвеќиња, сопствена ѕидана скара и маси и столови во дворот. Има паркинг веднаш зад куќата. 
1/4 апартман број 5 - прв кат, со поглед кон градина, има тесна, но долга тераса со маса и столови. Апартманот е простран и  има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети  во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет. 
1/3+1 апартман број 6 - прв кат, простран одличен апартман со страничен поглед море со пространа тераса. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба и 1 стандарден + 1 еден кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет и одлична кујна со сите потребни елементи. 
1/3+1 апартман број 2 - втор кат. Има одвоена спална соба со брачен кревет, а стандарден кревет + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со одлична кујна, која ги има сите потребни елементи . Апартманот има долга, но тесна тераса која гледа кон градина. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет. 
1/3+1 апартман број 3 - втор кат. Квалитетен апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со целосно опремена одлична кујна. Пространа тераса со поглед море. Опремен е со одличен квалитетен мебел и сопствен тоалет. 
Координати: 40.399252, 23.880963 


 
20 % ПОПУСТ за термини  29.05 / 05.06
 
1. Вонсезонски цени  

Термин

Ноќевања

1во и 2ро лице

3. 4. и 5. лице

22/05-29/05

7

79

40

29/05-05/06

7

99

40

05/06-12/06

7

119

40

12/06-19/06

7

159

40

19/06-26/06

7

179

40

26/06-03/07

7

199

40



Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица 


                    
2. Сезонски цени  


Термин

Ноќевања

Апартман бр. 2 и 5-градина

Апартман бр. 3 и 6-море

03/07-10/07

7

499

519

10/07-17/07

7

509

529

17/07-24/07

7

529

549

24/07-31/08

7

529

549

31/07-07/08

7

529

549

07/08-14/08

7

529

549

14/08-21/08

7

529

549

21/08-28/08

7

519

539



3. Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1во и 2ро лице

3. 4. и 5. лице

28/08-04/09

7

199

40

04/09-11/09

7

159

40

11/09-18/09

7

119

40

18/09-25/09

7

89

40

25/09-02/10

7

79

40


Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица



НАПОМЕНИ:  
 
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 - ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН - 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).  
Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплата за трето лице по 40 евра (без разлика дали користат превоз). 
 ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 - СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:  
   
Цена за превоз:  
За возрасни 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра) 
За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550  мкд. (25 евра)  
Дете до 2 години (без седиште) - бесплатно 
Место и време на поаѓање: 
Куманово  02:45 ч. Бензинска пумпа Макпетрол 
Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин 
Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија) 
Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол 
Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол 
Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин  
 
Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.  
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).  
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.  
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената. 
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена. 
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира. 
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. 
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.  
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.  
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот. 
Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот. 
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.  
Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата. 
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. 
Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата. 
Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз. За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно. При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај. За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот. Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето. 
Протокол за влез во Грција / Македонија: 
Негативен PCR или негативен Брз антиген тест, или потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината) или сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање. Патниците кои патуваат со свое возило треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците https://travel.gov.gr/#/ 
Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање. 



 

Вила Евангелија

Грција
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+