ХОТЕЛ МАКПЕТРОЛ 4*

Хотелот Макпетрол е лоциран во прекрасен шумски амбиент со извонредно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро и е во близина на градот Струга. Располага со сопствен паркинг, сопствена песочна плажа, базени и рекреативни спортски терени. 

Хотелот располага со 46 двокреветни соби и три апартмани. Сите соби се климатизирани, со тоалет, телефон, мини бар, сателитска ТВ и тераса со поглед кон Охридското Езеро.. Во апартманите има и џакузи, мини бар, мини кујна и приклучок за интернет. 

Услугата во хотелот е на база  полупансион (шведска маса). Покрај ова, за ваше уживање и задоволство ви стојат на располагање мајсторите на националната и интернационалната кујна со нивните специјалитети, во ресторанот со капацитет од 300 седишта, аперитив барот, банкет салата, летната тераса и летниот ресторан со 150 седишта. 

Објектот располага со спортски терени (тенис, ракомет, кошарка, мал фудбал, трим патеки), се организираат спортски игри, тренинзи, а  има и можност за ноќно спортување, фитнес центар, сауни и базен за ноќно капење. 

Слободното време поминете го во посета на Манастирскиот комплекс Калишта, пештерската црква во Радожда, кејот на Црни Дрим, атрактивниот струшки пазар или ноќите на Струшките вечери на поезијата. 


 

ТИП НА СОБА

ЦЕНА  ПО ЛИЦЕ   НА  НОЌ

 

Попуст за престој од 6 и повеќе ноќи

Ноќевање со појадок
BB

Полупансион

 HB

Полн пансион
FB

1/1

33 €

39 €

49 €

- 10% од цената

1/2

25 €

30 €

40 €

Апартман

35 €

40 €

50 €

Џуниор суит

33 €

38 €

48 €

Џуниор суит 1/1

43 €

49 €

59 €


Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1 еур = 62 мкд 


  • Цените се дадени по лице на ноќ
  • Дете до 6 години - гратис (во соба со 2 возрасни лица ); 
  • Дете од 7 до 12 години плаќа 50% од цената за соодветната услуга (во соба со 2 возрасни лица); 
  • Трето лице во соба (13 и повеќе години) плаќа 70% од цената за соодветната услуга; 

 

 

ХОТЕЛ МАКПЕТРОЛ 4*

Струга
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+