ХОТЕЛ КОНАК

„Конак” е современ планински објект заснован на традиционален изглед. Се наоѓа на Шар Планина на скијачкиот центар Попова Шапка на 1760 м.н.в. лоциран во склоп на Манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски - Чудотворец. Поволна географска положба прави да биде посетен од голем број на туристи како во летната така и во зимската скијачка сезона. 
„Конак” - Попова Шапка се состои од шест соби. Распоредот на собите е: шест двокреветни соба, една шесткреветна соба, една петкреветна соба и три четворокреветни соби со вкупен капацитет од 35 легла. Собите се опремени со удобни кревети кои пружаат удобен и мирен сон и заедно со планинскиот воздух прават многу брзо да се чуствувате одморни и наспиени.  
Сите соби користат едно заедничко купатило и пет тоалети. 

ТИП НА СОБА Ноќевање со појадок
BB
Стандардна  соба 12 €
Стандардна  соба ( заеднички тоалет ) 8 €

Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1 еур = 62 мкд

Цените се однесуваат по лице на ден
Деца од 6 - 12 години кои користат сопствен кревет -30% попуст 
За деца до 12 години не се пресметува туристичка такса 
Нудиме дополнителни можности: изнајмување велосипеди, планинарски тури, мотокрост тури, сауна 
Во цената не е вклучена туристичка такса од 40 денари на ден по лице 

 

ХОТЕЛ КОНАК

Попова Шапка
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+