ХОТЕЛ ГОГОВ 4*

Хотел Гогов e првиот и единствен хотел кој се наоѓа во центарот на градот Пехчево, во Малешевската котлина, на 9 километри од Берово. 
Со расположлива површина од 1.000 метри квадратни, Хотел Гогов располага со капацитети за сместување до 50 гости, во различен тип соби и апартмани. 
Покрај вообичаените содржини - ресторан и бар, летна тераса и опремена конференциска сала погодна за семинарски туризам, Хотел Гогов располага и со дополнителни содржини и активности на услуга на гостите. 
Во склоп на самиот хотел се и СПА центарот со финска сауна, традиционалната парна бања, а за што поголемо уживање и препуштање на хедонистичките задоволства, релаксацијата може да продолжи во некоја од салите за масажа или во џакузи. 
За оние поенергични гости и љубители на активниот живот, Хотел Гогов располага и со комплетно опремен фитнес центар. 
Хотел Гогов за своите гости обезбедува туристички водичи за рекреативни прошетки низ малешевските шуми или пак за тури до петте водопади на реката Брегалница, многубројните археолошки локалитети, туристичката населба Равна Река и друг тип факултативни и излетнички активности. 


ТИП НА СОБА ЦЕНА ПО СОБА
ВО 1/1
ЦЕНА ПО СОБА
ВО 1/2
ЦЕНА ПО СОБА
ВО 1/3
ЦЕНА ПО СОБА
ВО 1/4
Стандард соба 26 € 39 € 49 € 57 €
Супериор соба 31 € 49 € / /
Апартман 36 € 57 € 69 € 78 €

Цената е изразена во евра 1 евро = 62 денари 
 
Цените се дадени по лице на ноќ, со вклучен појадок и користење на СПА ( сауна, џакузи, парна бања)  
и кардио фитнес; 
Дете до 5,99 години - гратис (во соба со 2 возрасни лица, без дополнителен кревет); 
Деца од 6 до 11,99 години плаќаат по 500,00 денари на ден по дете 
Две деца до 5,99 години, едното дете плаќа 500,00 денари на ден (со еден дополнителен кревет) 
Доплата за полупансион 400,00 денари  по лице за оброк, доплата за деца  
до 11,99 години 200,00 денари на ден 
Доплата за полн пансион 760,00 денари  по лице за оброк, доплата за деца  
до 11,99 години 400,00 денари на ден 
 
 
ДОПОЛНИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ВО ПЕХЧЕВО И ОКОЛИНАТА  
Пикник ручек на рибник 
Пикник ручек на бачило 
Пикник ручек покрај Пехчевските водопади 
Посета на локалните цркви и манастири 
Планинарење со водич 
Хотел Гогов располога со 6 велосипеди за планински велосипедизам 

 

ХОТЕЛ ГОГОВ 4*

Пехчево
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+