АМСТЕРДАМCity break - Мај19-22.05.2023 - Авион 26-29.05.2023 - Авион |
|||||
Амстердам - Градот на вода, градот на лалињата, градот со импресивна архитектура, градот кој лежи на бреговите на две водни маси, заливот Ајселмер и реката Амстел. Град кој спие на 160 канали кои го делат на околу 90 островчиња, поради што гордо го носи епитетот - Венеција на Западна Европа. Центарот на Амстердам го краси плоштадот Дам на кој се наоѓа класицистичката кралска палата од 17 век - втората резиденција на кралското семејство, реформистичката Нова Црква од 15 век, и шопинг улицата Калверстрат. Амстердам - дестинацијата која не треба да ја пропуштите. |
|||||
1 ден
|
СКОПЈЕ - АМСТЕРДАМ | ||||
Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Авионот за Ајндховен полетува во 14:10 и слетува во 17:05 часот. Индивидуален превоз до Амстердам, и сместување во хотел. По пристигнувањето предлог прошетка низ градот, можност за посета на некој од музеите: Државниот музеј - Ријкс музејот кој е основан од братот на Наполеон (15 до 17 век, со делата на Рембрант), Музејот Ван Гог каде е изложена најголемата збирка на неговите дела, музеј - куќата на Рембрант во некогашниот еврејски кварт, како и куќата на Ана Франк. Ноќевање. |
|||||
2 ден
|
АМСТЕРДАМ
|
||||
Појадок. Можност за разглед на стариот дел на градот, главниот Плоштад Дам, Кралската палата, Музејот на Мадам Тисо, Новата Црква, Плоштадот Рембрант и Статуата на познатиот сликар, Тропскиот музеј, “црвениот кварт” де Вален каде легално се продава канабис, и незаборавна посета на работилницата во познатата фабрика за дијаманти Coster Diamonds и навлегување во тајните на брусење на прочуените дијаманти. Ноќевање. |
|||||
3 ден
|
АМСТЕРДАМ
|
||||
Појадок. Слободно време за прошетка и шопинг во прекрасните продавници. Во вечерните часови наша препорака - крстарење со брод по каналите на Амстердам и доживување на боите на градот на посебен начин, покрај мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање. |
|||||
4 ден
|
АМСТЕРДАМ – СКОПЈЕ
|
||||
Појадок. Индивидуален превоз до Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 17:10 часот Препорачуваме два часа пред лет да бидете на аеродром. Пристигнување во Скопје во 19:45 часот на аеродромот Александар Велики. |
|||||
|
|||||
Во цената на аранжманот е вклучено:
|
|||||
Во цената на аранжманот не е вклучено:
|
|||||
Напомени:
|
|||||
Галерија |
|||||