ЦЕЛОСНА ПОНУДА

ЗАНЗИБАР - ТАНЗАНИЈА

Егзотични патувања
Нова Година 2019
Авион / 16 дена
24.12.2018 – 08.01.2019
29.12.2018 – 13.01.2019
Занзибар
На само 6° јужно од екваторот, низ источниот брег на Африка, сјае блескавиот дијамант на Индискиот Океан ЗАНЗИБАР, архипелаг со турбулентно минато и богата историја, култура и традиција, недопрени бели песочни плажи со многу сончеви зраци, егзотична храна и гостопримливи луѓе. Го менуваат погледот на светот со различностите на Афричкото земјиште: шуми богати со ретки видови на животински свет, сиромашни села полни со живот на локалното население, а излезот на долгите плажи со најубавиот бел песок, глетката во морето со раскошни бои и белината од големите облаци, причинуваат вистинско егзотично доживување. Заборавете на се што сте слушнале или мислеле дека знаете за Занзибар и Африка и дозволите си себе си луксуз да ги запознаете! Изгубете се во светот во кој Hakuna Matata е единственото животно мото, со најголемите задоволства кои ги нуди Островот на зачините. Мистериозниот Занзибар ја прекршува секојдневната рутина и нуди незаборавно искуство.
   
 1. Ден:
   Скопје
Состанок на групата на аеродромот во Скопје, во договореното време. Лет до Занзибар.
 2. Ден
   Занзибар
Пристигнување во Занзибар. Трансфер до Stone Town и сместување во хотел во центарот на градот. Слободно време за одмор. Во попладневните часови го запознаваме градот во кој живеат многу култури: Свахили, Арапски, Индиски, а исто така присутно е и влијанието на западната култира. Ќе имаме прилика да ја видиме куќата во која живеел Ферди Меркјури, пејачот на познатата група Queen, Палатата на чудата, Палатата на Султанот, Старата тврдина, пазарот на робови или затворот каде се чувале робовите пред да бидат продадени, Англиканската црква и центарот на сите локални случувања, место каде што на најдобар начин се запознаваме со менталитетот на народот. Во вечерните часови следи посета на пазарот на Фордохани и уживање во локалните специјалитети како што се школки, лигњи, сабјарки, октопод, занзибарски палачинки, индиски леб, пржени банани... Враќање во хотелот. Ноќевање.
3. Ден
   Nungvi
Заминување на северната страна на островот на местото Nungvi каде што се наоѓа една од најубавите плажи на островот. Ден предвиден за капење и уживање во убавините на Индискиот океан. Разновидни коктели, вкусна храна, егзотично овошје заедно со прекрасните бои на морето, небото и песокот кои се рај за очи и душа. Враќање во хотелот. Слободно време. Ноќевање.
4. Ден
   Prison island (Changuu остров)
Факултативна посета на Prison island, кој е оддалечен некои 6 км од Stone Town. На волшебниот остров се наоѓаат простории кои се користеле како затвор за криминалците, а подоцна биле наменети како карантин простории за заболените од жолта треска. Островот е дом на џиновските желки кои може да пораснат и до еден метар и живеат повеќе од 100 години, а најстарата желка меѓу нив има 192 години! Би било вистинска штета доколку пропуштиме да се искапиме на прекрасната песочна плажа на островот, да се нурнеме и да ги истражиме морските длабочини. Враќање во Stone Town. Ноќевање.
5. Ден
   Фарма за зачини
Ден за полудневен факултативен излет до Фармата за зачини каде ќе имаме прилика да видиме како се одгледува тропско овошје, јаткасти плодови и зачински билки: црн бибер, коријандер, цимет, ѓумбир, куркума, ванила и други, за да дознаеме која е кралица, а кој крал на зачините. Гледаме како жителите со песна се качуваат на палмите со невероватна брзина, а потоа го дегустираме свежо набраниот, млад кокос. Ручаме национален специјалитет, Pilau зачинет со разни билки. За време на враќањето ја посетуваме познатата плажа Mangapwani. Враќање во Stone Town. Слободно време. Ноќевање.
6. Ден
   Kizimkazi / Пливање со делфини, Jozani шума
Ден резервиран за целодневен факултативен излет до рибарското место Kizimkazi, на јужниот дел од островот, каде има неколку училишта за нуркање со делфини. После краткото возење со брод од селото можеме да видиме делфини, кои се пријателски настроени и разиграни. Тука, можеме да доживееме фантастично искуство и да запливаме со нив. После пливањето и дружењето со делфините одиме до шумата Jozani, преполна со црвени махагони и мангори, кои се простираат на преку 2500 хектари. Шумата е дом на ретките, црвени Kolobus мајмуни, кои може да се видат само во Занзибар. На враќање ќе ја посетиме фантастичната плажа Paje, која е рај за сурферите. Враќање во Stone Town. Во вечерните часови следува заедничко излегување во некој од кафичите од ова егзотично место. Го предложуваме ресторанот во арапски стил Tea House, со одлична храна и прекрасен панорамски поглед. Слободно време. Ноќевање.
7. Ден
   Safari blue
Факултативен излет Safari blue, кој овозможува незаборавно искуство и вистинско уживање. Тргнуваме кон југо-западниот дел на островот, од местото Fumbe, со традиционалниот брод, направен од афричка махагонија. Нашето прво застанување е местото Nakupendi, како што жителите го нарекуваат остров, каде што ќе се капиме, ќе се освежуваме со банани, портокали, кокос, манго и друго тропско овошје. Ќе забележиме како ова место, кое е како рај полека исчезнува под Индискиот океан. Тука, ќе ја искористиме можноста да го посетиме коралниот гребен, каде ќе пливаме, нуркаме и уживаме во богатиот морски свет на Индискиот океан. Продолжуваме кон островот Kwale, каде што ќе имаме можност да ја истражиме природната лагуна на островот и каде ќе пливаме во прекрасното природно опкружување. Потоа одиме на плажата Kawale, каде што љубезните домаќини ќе ни подготват ручек: ориз со сос од зеленчук, риба, лигњи, октопод, рак. Следува одмор и капење на плажата, купување на сувенири во многубројните продавници и прошетка до дрвото Baobab, за кое се смета дека е старо повеќе од илјада години. Тргнуваме назад кон Fumbi, препуштајќи се на звуците од ветерот и брановите, пловејќи по Индискиот океан. Трансфер до Stone Town. Ноќевање.
8-10. Ден
   Dar es Salam + Safari / Stone Town
Слободен ден во Stone Town, кој ќе го комплетираме со авантури до најблиските плажи и подобро запознавање на островот или тродневен факултативен излет до Dar es Salama + Safari во националниот парк Mikumi, кој се наоѓа на копнениот дел од Танзанија, на патот помеѓу Dar es Salaama и Iringa. Добредојдовте во кралството Лавови! Во дивината на Mikumi ќе имате можност да видите зебри, жирафи, слонови, крокодили, китови, нилски коњи, хиени, диви мачки. На враќање од националниот парк, ќе се запознаеме со Dar es Salamom и ќе пробаме разновидно овошје, зеленчук и морски плодови во рестораните на овој град.
10-15. Ден
   Zanzibar – Kendwa
Враќање во Занзибар, трансфер до плажата Kendwa. Наредните неколку дена времето ќе го поминеме на најубавата плажа на Занзибар и ќе уживаме во капењето и сончањето на обалата на овој магичен Индиски океан. Разновидни коктели, вкусна храна, егзотично овошје со прекрасните бои на морето, небото, облаците и песокот кои се рај за очи и душа. Организирани се прошетки до местото Nungvi, каде што се наоѓа уште една прекрасна плажа, потоа следни Sunset cruise, посета на островот Mnemba и еден од најубавите корални гребени во Занзибар каде ќе уживаме во нуркањето. Ден предвиден за капење и сончање!
15. Ден
   Занзибар – Скопје
По појадокот, се пакуваме и имаме слободно време до поаѓањето на аеродром. Трансфер до аеродром и чекирање на летот за Скопје со преседнување.
16. Ден
   Скопје
Пристигнување во Скопје и со насмевка на лицето го планираме следното Атлас патување.
 
СМЕСТУВАЊЕ:

STONE TOWN - Tausi Palace Hotel 4* или сл. – се наоѓа во поширокиот центар и во туристичкиот дел на Занзибар (Stone Town), во кој има продавници, ресторани и поседува многу други поволности во кои туристите може да уживаат. Хотелот располага со ресторан и тераса на кровот која овозможува панорамски поглед на Stone Town, кој ќе Ви го одземе здивот. Собите се двокреветни и трокреветни со сопствен тоалет. Собите се декорирани во Zanzi стил и поседуваат TV и wi-fi интернет.
Услуга: Ноќевање со појадок.

KENDWA: Kendwa Rck Resort 3* или сл. – се наоѓа на северната страна на островот со најубавата плажа на целиот островот. Ресортот поседува со еден од најдобрите ресторани и барови на плажа во целиот Занзибар. Собите се двокреветни и трокреветни со сопствен тоалет. Собите се декорирани во Zanzi стил и располагаат со TV и wi-fi интернет.
Услуга: Ноќевање со појадок.
 
Цена на аранжманот 1749 €
Авионски превоз со вклучени такси + сместување + трансфери + водич
 
Цената вклучува:
  • Авионски превоз (Скопје-Занзибар-Скопје) со сите такси вклучени во цената
  • Сите трансфери според програмата на патување.
  • Сместување по планот и програмата во Stone Town во хотел со 4* (1/2 или 1/3 соби со сопствен тоалет и клима)
  • Сместување по планот и програмата на плажата Kendwa во хотел со 3* (1/2 или 1/3 соби со сопствен тоалет и клима)
  • Трошоци за организација на патувањето
  • Стручно водство на патувањето / претставник од агенцијата
Цената не вклучува:
  • Виза – се плаќа при влез во земјата (50 USD)
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети и прошетки
  • Храна
  • Патничко осигурување

 

Галерија

zanzibar zanzibar zanzibar zanzibar zanzibar zanzibar zanzibar zanzibar zanzibar