ЈУЖЕН ВИЕТНАМ + КАМБОЏА

Ho Ši Min – Phu Quoc – Pnom Pen – Siem Re

НОВА ГОДИНА 2019

Авион 15 дена
Поаѓање: 28.12.2018
Враќање: 11.01.2019
Виетнам
Единственоста во храната, архитектурата, јазикот, обичаите и религијата го прави овој дел на Индокина посебен. Дозволете ни да Ви ја покажеме најубавата верзија од овој полуостров, преполн со различни бои, вкусови, мириси и чувства кои ќе ги запаметите засекогаш. Со својата турбулентна историја, но и исклучителната положба, овој регион бил повеќевековен заробеник на колонијалните сили. Ве очекува културен и климатски шок, гужва, врева, различни миризби, најбогати вкусови, голем број на луѓе и туристи од целиот свет, импресивни храмови, егзотично овошје и превкусна храна, пазар на вода, богат ноќен живот, совршени плажи, масажи, нуркање...Ви предложуваме со нас да уживате во прекрасните плажи и активности кои одморот ќе Ви го направат совршен.
   
1. Ден (28.12.2018)
   Скопје – Ho Ši Min
Спстанок на групата на аеродромот во Скопје. Лет за Ho Ši Min со попатни преседнувања.
2. Ден (29.12.2018)
   Ho Ši Min
Доаѓање во Ho Ši Min. Трансфер до сместувањето. После краткиот одмор следи разгледување на градот. Ho Ši Min, некогашен Sajgon, долги години го носеше атрибутот бисер на Индокина. Денес тој е најголем град и економски центар на Виетнам. Ќе ја посетиме катедралата Notr Dam, зградата на главната пошта, Палатата на Обединувањето, Palatu Ujedinjenja, зградата на Опера, Собранието, Skupštinu grada, Воениот музеј, брендовите Ben Tan i Sajgon Skver. После разгледувањето, слободно време. Ноќевање.
3. Ден (30.12.2018)
   Ho Ši Min – Delta Mekong
Започнуваме со факултативна авантура по должината на реката Mekong, која извира на Тибет, чија должина изнесува 4500km – најдолга река во Југоисточна Азија. Во ова подрачје најмногу се произведува ориз, кокос и шеќерни трски, тропско овошје. Влегуваме во бродот и се возиме по реката Mekong и преминуваме од главниот канал во помал, поминуваме низ аутентичните села. Го продложуваме патувањето, ќе ја посетиме фармата за мед, ќе видиме како се прават бонбони од кокос и ќе ги дегустираме. Ќе имаме можност да пробаме и несекојдневни локални специјалитети, оризово вино или да испиеме една чаша змиско вино. Враќање во Ho Ši Min. Слободно време. Ноќевање.
4. Ден (31.12.2018)
   Ho Ši Min – Cu Chi tuneli
Факултативен излет до Cu Chi тунели, кои претставуваат најдобар пример како Виетнамците воделе војна. Се работи за 240 километри ископани тесни тунели во кои се криеле и се движеле виетнамските војници. Тунелите ги поврзувале главните командни места, болниците, засолништа и фабриката за оружје. Ќе имате прилика да поминете низ некои од нив. Место кое ќе Ве врати неколку децении наназад и каде што навистина може да почувствувате каков конфликт се одвивал на овие простори. После пладне се враќаме во Sajgon и продолжуваме да го истражуваме овој град. Во кратки маички и панталони, на 30+ степен, ја бараме најудобната позиција каде што заедно ќе ја дочекаме новата година, а ќе ја испратиме старата! Среќна нова година! Ноќевање.
5. Ден (01.01.2019)
   Ho Ši Min – Phu Quoc
Ги пакуваме работите и го напуштаме сместувањето. Трансфер до аеродром и лет за Phu Quoc. Пристигнување на островот. Трансфер до сместувањето – Palma Resort 4*. Слободни денови за уживање на овој магичен тропски остров. Ноќевање.
5 – 11. ден (01.01.2019 -07.01.2019)
   Phu Quoc (6 ноќевања)
Островот Phu Quoc се наоѓа во Тајландскиот залив, на само 15км од границата со Камбоџа. Дијаметарот е 48км, со што го прави најголем виетнамски остров. 70% од територијата на островот е во рамките на Националниот парк, а речиси половина од брегот е на листата на UNESCO за природно наследство.
Phu Quoc е единственото место во Виетнам каде можете да уживате во глетката на сонцето кое заоѓа во морето, плажи обоени со бел и жолт песок, раскошни заливи, кои островот Phu Quoc го претвораат во задолжителна дестинација за оние кои сакаат навистина да одморат на некое ново и егзотично место. Населението на островот е исклучително пријатно, отворено и љубезно, така што во секој момент од престојот ќе се чувствувате повеќе од добродојдени.
Локалната заедница пред се, се занимава со риболов и одгледување на најразлични видови на бибер, а најпознат локален производ е сосот од риба – nuoc mam. Фактот дека локалното население во значајна мера се занимава со риболов дава можност да се ужива во свежа риба и морски плодови, кои посетителите имаат можност сами да ги спремаат на скара или во традиционален hot pot. Делиокатесите на морската храна на овој остров се навистина уникатни и единствени.
11. ден (07.01.2019)
   Phu Quoc – Pnom Pen
Ги пакуваме работите и го напуштаме сместувањето. Во договореното време трансфер до аеродром и лет за Pnom Pen. Пристигнување во Pnom Pen и трансфер до сместувањето. U dogovoru sa vodičem prošetaćemo užim gradskim jezgrom i upoznati se sa lokanim kmerskim specijalitetima. Slobodno vreme. Noćenje.
12. ден (08.01.2019)
   Pnom Pen – Siem Reap
Ден резервиран за полудневно факултативно разгледување на главниот град на Камбоџа - Pnom Pen. Некогаш најголема империја која ја контролирала цела југоисточна Азија од Angkora, а во минатиот век жртва на сопствената власт – Црвениот Кмер. Ќе го видиме Кралскиот дворец, Сребрената пагода, Храмовите Wat Phom и Wat Onulaum. Слободно време во Pnom Pen или предложуваме дводневен факултативен излет Siam Ripa –комплекс Angkor, најзначајниот археолошки локалитет во југоисточна Азија. Поаѓање со автобус за Siam Rip во попладневните часови. Пристигнување во Siam Rip во вечерните часови и трансфер до сместувањето. Во договор со водичот ќе се прошетаме низ центарот на Siem Reap, ќе го посетиме централниот маркет, ноќниот маркет, Pub Street. Слободно време. Ноќевање.
13. ден (09.01.2019)
   Angkor Vat – Pnom Pen
Будење во раните утрински часови и тргнување кон Angkor. Angkor претставува комплекс на хиндуистички и будистички храмови и палати. Најпознатиот меѓу нив е Angkor Wat. Покривајќи површина од 400 км2, вклучувајќи ја и зелената површина, Angkor содржи зачудувачки остатоци од неколку престолнини на Кмерското Царство од IX до XV век. Ќе го посетиме Angkor Wat, Angkor Tom, Bayon, Baphun, Banteay Kdei, Elephant Тераса, Ta Prohm – Храм целосно пополнет со природа. Ќе имате впечаток како дрвјата да го проголтале целиот храм. Неверојатно искуство... По разгледувањето, враќање во Siam Rip и слободно време до поаѓање на аеродром. Трансфер до аеродром и лет за Pnom Pen во вечерните часови. Трансфер до сместувањето. Ноќевање.
14. ден (10.01.2019)
   Pnom Pen – Скопје
Ги пакуваме работите и го напуштаме сместувањето. Слободно време до поаѓањето на аеродром или факултативен излет до Killing Fields (полето на смртта). Во договореното време трансфер до аеродром и лет за Скопје со попатни преседнувања.
15. ден (11.01.2019)
   Скопје
Пристигнување во Скопје. Завршување на програмата и со насмевка на лицето го планираме новото и возбудливо Атлас патување.
СМЕСТУВАЊЕ:

HO ŠI MIN: Dragon Palace hotel 3* - Се наоѓа во центарот на туристичкиот дел на Ho Chi Minha. Хотелот поседува двокреветни и трокреветни соби. Секоја од собите се опремени со тоалет и клима. Хотелот поседува: Интернет центар, перална за облека, просторија за багаж, сефови и ресторани. Доручекот е вклуцен во цената на аранжманот.

PHU QUOC: Palma Resort 4* – Се наоѓа на 200м од плажата Duong Duong. Собите се двокреветни и трокреветни, секоја од собите поседува сопствен тоалет и клима уред. На гостите достапен им е бесплатен wifi интернет. Во хотелот има ресторан и базен. Доручекот и вечерата се вклучени во цената на аранжманот.

PNOM PEN: Silver River Hotel 3* – Се наоѓа во центарот на Phnom Penh. Хотелот поседува двокреветни и трокреветни соби, секоја од собите има сопствен тоалет и клима. Хотелот поседува: Интернет, перална за облека, просторија за багаж, сефови и ресторан. Се наоѓа во близина на сите културноисториски знаменитости. Доручекот е вклучен во цената на аранжманот.
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 1.499 ЕУР
 
Аранжманот вклучува:
- Авионски билет ( Скопје – Ho Ši Min/ Pnom Pen – Скопје) со сите вклучени такси.
- Авионски билет ( Ho Ši Min – Phu Quoc ) со сите вклучени такси и багаж од 15кг.
- Авионски билет ( Phu Quoc – Pnom Pen ) со сите вклучени такси и багаж од 15кг.
- 3 ноќевања во Ho Ši Minu во хотел со 3* на база ноќевање со појадок (1/2 или 1/3 соби со сопствен тоалет и клима)
- 6 ноќевања на Phu Quocu во хотел со 4* на база полупансион (1/2 или 1/3 соби со килма)
- 3 ноќевања во Pnom Pen во хотел со 3* на база ноќевање со појадок (1/2 или 1/3 соби со клима)
- Трошоци за организација на патувањето.
- Стручно водство на патувањето / претставник од агенција
Аранжманот не вклучува:
- Виза и услуги за вадење виза за Виетнам и Камбоџа.
- Индивидуални трошоци на патниците.
- Факултативни излети и прошетки.
- Доплата за пречекорување на тежината на багажот.
- Патничко осигурување.

 

Галерија

Vietnam Vietnam Vietnam Vietnam Vietnam