ВЕНЕЦИЈА - КАРНЕВАЛ

Март 2019
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
03.03-06.03.2019
Венеција
Градот на вода препознатлив по гондолите и карневалот… бисерот на Јадранското море. Ова е дестинација која би требало секој љубител на убавината да ја посети најмалку барем еднаш во животот. Еден од популарните настани е Карневалот во Венеција, кој ви дозволува да одберете маска под која ќе го сокриете вашето лице и за миг ќе бидете во светот на бајките. Маските се традиционално поврзани со овој фестивал и се изработуваат со голема љубов и креативност. За време на одржувањето на карневалот плоштадот Св. Марко е облеан со разнобојни огномети, и среќни лица заслепени од убавината.. ..Луѓето шетаат низ уличките и безбројните канали во прекрасни костими, уживајќи во магијата на карневалот.
   
03. Март (Недела)
   СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:25 часот. Полетување за Венеција (Тревизо) во 13:00 и слетување во 14:45 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат - кула, Мостот на воздишките... Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.
04. Март (Понеделник)
   МУРАНО - БУРАНО - ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна – Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Враќање во хотел во попладневните часови. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет. Ноќевање.
05. Март (Вторник)
   ВЕРОНА
Појадок. Факултативна посета на Верона - позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот.. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
06. Март (Среда)
   ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот во Тревизо. Авионот за Скопје полетува во 15:15 часот. Пристигнување во Скопје во 16:55 часот.
 
 
За уплата до 21 Јануари 199 евра (12.350 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 249 евра (15.450 денари)
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација Скопје -Венеција (Тревизо) - Скопје
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm со максимум 10kg)
- Трансфер во Венеција од аеродромот до хотелот и обратно
- Сместување во Хотел Lugano 4* (www.hotellugano.it) во Местре/Маргера на база 3 ноќевања со појадок
- Разглед на Венеција
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
>Пратител за време на целото патување од агенциска страна
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Аеродромски такси 2.980 денари
- Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 50х40х23cm (со максимум 10kg) 600 денари
- Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) 1.300 денари
- Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) 1.900денари
- Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 35 евра
- Посета на Верона 45 евра
- Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 евра)
- Патничко – здравствено осигурување 250 денари
Напомени:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

 

Галерија

Venecija Venecija Venecija Venecija Venecija Venecija Venecija Venecija Venecija Venecija Venecija Venecija Venecija Venecija Venecija Venecija