ТАЈЛАНД
ТАЈЛАНД НОВА ГОДИНА 2019
Банкок + Ко Самуи + Пукет
17 дена – авион
22.12.2018 – 07.01.2019
ТАЈЛАНД
Дозволете ни да ви ја покажеме најубавата верзија од оваа преубава земја, полна со бои, вкусови, мириси и чувства кои засекогаш ќе ви останат врежани во срцето.
Sawadee– Добредојдовте во градот со преку 10 милиони жители! Ќе ги разгледаме најубавите и најзначајните будистички храмови, ќе шетаме низ широките булевари полни со туристи и ќе уживаме во енергијата на насмеаните посетители, тропската клима, вкусната храна, уличните тезги, а навечер ќе се препуштиме на атмосферата во клубовите во Банкок. Побогати за ново искуство и адаптирани на тропската клима се спуштаме на југот во Тајланд кон островот Ko Samui. Уживајте во истражувањето на островот, масажите и капете се под водопадите со спектакуларно заоѓање на Сонцето.
Ви предлагаме да изнајмите џипови или мотори кои се достапни по поволни цени (џип од 20 евра дневно и мотор од 4 евра дневно) и обиколете го целиот остров. Внатрешноста на островот е прошарана со водопади, палми, села отсечени од светот. Можност за кампување на пусти острови. Одморени, со насмевка на лицата и темен тен се селиме на најпознатиот Тајландски остров– Puket! Живописен и космополитски, претставува една од напознатите светски дестинации. Најголемата предност на Пукет е тоа што овој остров никогаш не спие и во ниту еден момент нема да ви биде здодевно. Не треба да го пропуштите Phang Nga Bay кој се наоѓа на североисточниот дел од островот. Островот на James Bond и Koh Panyee се најпознатите точки на овој залив.
Ноќниот живот во Patong, на Bangla road е нешто што никако не смеете да го пропуштите кога сте на Puket. Егзотичните девојки и момци, многубројните клубови и уличните продавачи добиваат потполно ново лице во вечерните часови. По уживањето на островот, следи враќање во урбаната џунгла – Bangkok.
   
1. ден (22.12):
   Скопје
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во договореното време. Лет до Банкок со преседнување.
2. ден (23.12.):
   Банкок
Пристигнување во Банкок. Трансфер до сместувањето кое се наоѓа во областа Khao San Road. Сместување и одмор. Слободно време за навикнување на Банкок. Запознавање со тајландските специјалитети, обичаи и култура. Во попладневните часови во договор со водичот следи прошетка по Khao San Roаd или посета на големите згради во Банкок - Baiyoke Sky (84. ката) од која се пружа неверојатна панорама на градот. Ноќевање.
3. ден (24.12.):
   Банкок
Факултативно разгледување на Банкок од реката Chao Praya. Ќе се возиме со традиционалните тајландски long tail чамци, ќе го видиме стариот дел на Банкок и како се одвива животот на вода, ќе поминеме покрај музејот на кралските бродчиња и ќе дознаеме на кој начин жителите на овој град се бранат од можните поплави. По крстарењето одиме до најстариот храм во Банкок – Wat Arun (храмот на зората). По завршување на обиколката на Wat Aruna одиме до храмот Wat Pho. Храмот е познат по статуата на легнат Буда која е долга 46 метри. По обиколката пешки продолжуваме кон Grand palacе.
Спектакуларната Кралска палата со години служела како резиденција на тајландските кралеви, а во склоп на нејзиниот комплекс се наоѓа и Wat Phra Kaew, храмот кој е познат по смарагдната статуа на Буда. По завршувањето на разгледот следи слободно време. Во вечерните часови ви предлагаме да го посетите Pat Pong, еден од најинтересните квартови во Банкок или Asiatique, дел од градот кој се наоѓа на самата обала на реката со различни ресторани и продавници. Задолжително посетете го Calypso show, познатото кабаре – тајландскиот Бродвеј. Ноќевање.
4. ден (25.12.):
   Банкок – Пазар на вода - Suratthani - Ko Samui
Слободен ден или пак ви предлагаме факултативен, полудневен излет – пазарскиот воз и пазарот на вода. Пазарскиот воз е единствен локален центар, каде се продава овошје, зеленчук, месо, риба, зачини. Пазарот се наоѓа од страната на железничките шини и во текот на денот возот поминува 8 пати и тогаш продавачите ги поместуваат своите тезги за да помине возот. Излетот го продолжуваме кон пазарот на вода. Ќе ве воодушеват големиот број на бродчиња со егзотично овошје, зачини и сувенири. Враќање во Банкок и имаме слободно време до поаѓањето на автобусот кон островот Koh Samui во вечерните часови. Ноќно возење… (Можност за доплата за авио превоз со гратис ноќевање во Банкок / околу 70 €).
5. ден (26.12.):
   Ko Samui
Во утринските часови доаѓаме на местото Suratthani, од каде поаѓа бродот за Koh Samui. Пристигнување на островот околу 14 часот. Трансфер до сместувањето и уживањето може да започне...
5 – 11. ден (26.12. – 01.01.) / (6 ноќевања):
   Ko Samui
Koh Samui е една од најпопуларните дестинации на Тајланд. Овој остров се наоѓа во Тајландскиот залив. Лесно е достапен, има преубави плажи, нуди разни активности и е идеална дестинација за вистински одмор. Samui е дом на малата тајландска заедница која првенствено се бави со риболов и одгледување на кокоси. Интересно е тоа што до 70-тите години од минатиот век немало ни патеки, меѓутоа туризмот го преобликувал и го зголемил неговиот развој. Денес плажите Chaveng и Lamai прераснаа во градови со голем број на ресторани, ноќни светски клубови. Активностите со кои може овде да се занимавате се огромни: спортови на плажа, snorkling, joгa, нуркање, јавање слонови, масажи... Можете да најдете и тивки плажи погодни за опуштање. Samui е живо, возбудливо место кое нуди бројни содржини и природна убавина. Се разви во вистински островски рај.
Плажата Chaveng, Lamai Beach, Mae Nam Beach, Bophut Beach, Big Buddha Beach… се само едни од големиот број на плажи на кои ќе ги поминеме незаборавните моменти. Ќе ги посетиме водопадите Koh Samui, будистичките храмови, а кој сака (факултативно) може да гледа борби на морски биволи или да ја посетите Зоолошката градина и Аквариумот. Новогодишната вечер ќе ја дочекаме во некој од многубројните барови, клубови или пак на самите плажи.
На островот има доволно интересни нешта, така да ако планирате да се одморите, нешто мора да пропуштите. Организирани се и факултативни излети:
Samui Safari – Ќе тргнеме на off road авантура со џипови 4×4 по островот Samui. Возење по островот и прошетка во џунглата и капење во најголемите водопади. Јавање слонови и сликање со леопарди, мајмуни и ќе береме кокоси. Ќе ги посетиме најзначајните будистички храмови: Big Budhha и Wat Kunaram.
Marine park – Angthong е национален парк кој го сочинуваат 42 ненаселени острови лоцирани во Тајландскиот залив. Крстарење по тајландскиот залив, капење во тиркизното море и сончање на преубавите плажи. Доколку имаме среќа може да се дружиме и со мајмуните на плажа.
Koh Tao и Koh Nangyuan – Koh Tao се нарекува и островот на желките бидејќи по својот географски облик потсетува на желка. Најпопуларната дестинација за нуркање во тајландскиот залив, бидејќи ќе го видите разновидниот подводен свет – шарени риби и корали. Koh Nangyuan е група од 3 приватни острови поврзани со песочни наноси кои формираат три егзотични заливи со кристално чиста, тиркизна боја на морето и бели плажи.
11. ден (01.01.) :
   Ko Samui – Puket
Напуштање на островот. Возење со брод до Don Sak luke, преместување во автобус и возење до Пукет. Во попладневните часови сместување во хотел. Островот Пукет е познат по: огромната енергија, фантастичната природа, преубавите плажи, но и ноќниот живот по што е и познат овој остров на Тајланд! Patong плажата е најпозната и најпосетена на целиот остров, а истоимениот град е центар на ноќниот живот. Слободно време. Ноќевање.
12. ден (02.01.):
   Пукет
Слободен ден за одмор или факултативна посета со бродче на една од најубавите плажи на островот – Freedom. Во попладневните часови враќање во Patong. Препорачуваме вечера на некој од многубројните ноќни пазари во Patong! Ноќевање.
13. ден (03.01.):
   Puket – Phi Phi – Maya bay
Слободен ден или факултативен излет на островот Phi Phi. Трансферот не носи до Royal марина, каде ги добиваме првите совети и вовед во она што не очекува. Почнуваме со разглед на најпознатата плажа на Тајланд, околните лагуни и островот Phi Phi. Времето ќе го поминеме на познатата плажа Maya Bay, местото на кое Леонадро Ди Каприо во филмот ”The beach” се прослави и го направија ова место атракција при посета на Тајланд и Пукет. Во попладневните часови се враќаме на марината, од каде превозот ќе не врати назад во Патонг. Препорачуваме посета на Phuket FantaSea – тематски парк, во кој можете да уживате во несекојдневниот поглед на тајландската култура и митови. Слободно време. Ноќевање.
14. ден (04.01.):
   Puket – James Bond Island
Слободен ден или факултативен излет до островот James Bond. На овој излет не очекува крстарење по националниот парк Ao Phang Nga, преполн со различни острови и лагуни. Се возиме со кајак и се препуштаме на искусните мештани да не одвезат до нереалните лагуни на островите Panak и Hong, уживаме во погледот и ако имаме среќа да се сретнеме со мајмуните на овој остров. Следна станица е островот Khao Ping Kan, меѓу туристите е познат како James Bond Island. Островот стекнал популарност по снимањето на филмот ”The man with a golden gun”, и од тогаш е една од најпопуларните атракции на Тајланд. По завршувањето на разгледот следи капење на плажите на островот Lana и сончање на палуба додека крстариме кон Пукет на зајдисонце. Враќање во Патонг. Слободно време. Ноќевање.
15. ден (05.01.):
   Puket – Bangkok
Напуштање на островот. Трансфер до аеродромот и лет за Банкок. Трансфер до сместувањето и слободно време за прошетка, уживање во храната и шопинг. Сакаме вашето слободно време да го искористите на најдобриот можен начин и да ги запознаете сите лица на Банкок. Ви предлагаме посета на еден од најдолгите булевари на Тајланд – Sukhumvit, кој претставува комерцијален центар на Банкок, исполнет со светски ланци на хотели, разни барови и ресторани како и шопинг центри, кои ја претставуваат космополитската страна на Банкок. Ќе ве воодушеви модерната архитектура и ќе сфатите зошто Банкок е една од светските метрополи. Ноќевање.
16. ден (06.01.):
   Bangkok
Слободното време до поаѓање на аеродром го користиме за да ги истражиме останатите делови на Банкок. Посетете го Lumpini park, доколку имате среќа ќе ги видите големите varan гуштери. На крај имаме шопинг и во договореното време, во вечерните часови поаѓаме кон аеродром.
17. ден (07.01.):
   Bangkok – Skopje
Лет за Скопје со преседнување. Пристигнување во Скопје.
 
СМЕСТУВАЊЕ:

BANGKOK: New Siam II Guesthouse – се наоѓа во строгиот центар на туристичкиот дел во Банкок (квартот Khao San Road) – Old City. Поседува едноставни двокреветни и трокреветни соби, секоја со тоалет и клима. Сместувањето содржи: интернет центар, перална за алишта, просторија за багаж, сефови, кабловска и сателитска телевизија, ресторан и бар.

KO SAMUI: Samui beach Resort 3* – се наоѓа на источната обала на Koh Samui. Собите се двокреветни и трокреветни. Многу се удобни со можност за користење на бесплатен интернет. Секоја соба има сопствен тоалет и балконски простор. Собите се наоѓаат на 70 метри од плажата на која гостите можат да уживаат во активностите: кајак, одбојка на песок, риболов. Ресторанот во склоп на ресортот нуди голем избор на Тајландски специјалитети и специјалитети на западната кујна. Ресортот се наоѓа на една од најубавите плажи на Koh Samui - Плажа Lamai.

PHUKET: SunSeaSend hotel 3* – хотелот се наоѓа на западната обала на Пукет – во гратчето Патонг (епицентарот на ноќниот живот во Пукет) на околу 700 метри од Bangla road. Собите се двокреветни. Удобни се со можност за користење на бесплатен интернет. Секоја соба има сопствен тоалет и клима. Сместувањето се наоѓа во близина на плажата во Патонг на која гостите можат да уживаат во активностите: кајак, одбојка на песок, спортови на вода. Во непосредна близина се наоѓаат големиот број на ресторани кои нудат голем избор на тајландски специјалитети и специјалитети на западната кујна.

 
Цена на аранжманот 1.599 €
 
Аранжманот вклучува:
- Авио билет (Скопје-Банкок-Скопје) со вклучени такси
- Авио билет (Пукет – Банкок) со вклучени такси
- Превоз со автобус на релација (Bangkok-Suratthani)
- Превоз со автобус на релација (Suratthani-Phuket)
- Превоз со брод на релација (Suratthani-Ko Samui-Suratthani)
- Сите трансфери по програмата
- Сместување по планот и програмата на патување во Банкок во guesthouse (1/2 или 1/3 соби со тоалет и клима)
- Сместување по планот и програмата на патување на Ko Samui во хотел 3* (1/2 или 1/3 соби со тоалет и клима)
- Сместување по планот и програмата на патување на Пукет во хотел 3* (1/2 соби со тоалет и клима)
- Трошоци на организација на патувањето
- Водство на патувањето, претставник од агенцијата
Аранжманот не вклучува:
- Виза за Тајланд и услуги за визирање – 60 eur
- Доплата за промена на превозот во Тајланд (авион – oколу 70 eur по правец)
- Индивидуални трошкови
- Факултативни излети и разгледи
- Храна
- Патничко осигурување

 

Галерија

tajland tajland tajland tajland tajland tajland tajland tajland tajland tajland