ЦЕЛОСНА ПОНУДА

САРАЕВО

Нова Година 2019
Автобус 4 дена / 2 ноќевања
29.12 – 01.01.2019
Сараево
Сараево – град кој нема да ве остави рамнодушни. Градот кој претставува невидлива граница помеѓу Истокот и Западот. Градот каде се испреплетуваат богатата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа или „Ерусалим на Балканот. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.
Градот на кујунџилак и на Баш чаршија која ве плени со нивната убавина и амбиент. Градот на севдахот, традицијата, културата и бурната историја на овие Балканските простори.
   
Ден 1. 29.12.2018
   СКОПЈЕ - САРАЕВО
Состанок на групата пред СРЦ Борис Трајковски во 21:00 часот. Заминување кон Босна и Херцеговина. Патот води преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности.
Ден 2. 30.12.2018
   САРАЕВО
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Сместување во хотел. Во попладневните часови панорамски разглед на градот со водич: градската општина, Башчаршија, Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (каде што бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија. Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 3. 31.12.2018
   САРАЈЕВО – МОСТАР
Појадок. Заминување за Мостар (факултативно). Разглед на градот и неговите историски знаменитости – стариот мост, чаршијата, факултативна закуска босански бурек – специјалитет на градот. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Сараево. Припрема за најлудата ноќ. Свечена вечера со музика и забава до раните утрински часови во хотелот или на плоштад. Ноќевање.
Ден 4. 01.01.2019
   САРАЈЕВО – ВИШЕГРАД – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ПРИЛЕП – БИТОЛА
Појадок. Заминување за Вишеград во попладневните часови. Вишеград – Град сместен на бреговите на реката Дрина и град на Иво Андрич. По договор упатување кон Скопје и Битола.
 
Цената на аранжманот изнесува 125 €
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Автобуски превоз со високо туристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)
  • Сместување во хотел Ексклузив 4* на база 2 НП (ноќевање со појадок) www.hotel-exclusive.ba
  • Разглед на Сараево
  • Организација и водство на програмата со лиценциран придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Факултативните посети
  • Факултативна посета на Мостар – 15 €
  • Влезници за музеите и културно историските споменици
  • Свечена новогодишна вечера во хотелот – 50 €
Напомена:
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • Обезбедени трансфери од градовите: Прилеп, Велес, Кавадарци, Неготино
  • Цената е изразена во €, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност 1 € = 62 ден.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Aтлас Корпорејшн и СКТМ

 

Галерија

saraevo saraevo saraevo saraevo