САНТОРИНИ

Октомври 2017
Автобус 6 дена / 3 ноќевања
06.10.2017 – 10.10.2017
Санторини
САНТОРИНИ - Симболот на грчкиот туризам, препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви и е еден од 10-те најромантични дестинации во светот.
САНТОРИНИ се наоѓа во егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Главна дејност со која што се занимаваат жителите е туризмот и одгледување на специфични видови на винови лози ,од кои се добива најубавото вино NYCHTERI. Познати се и по одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати, со неверојатен вкус, од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни. Како што ќе се доближувате до островот, тешко е да се поверува дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.На островот не постојат извори на слатка вода, почвата се наводнува од умерената влага на островот, а водата за пиење е исклучиво флаширана. Главен град на островот е FIRA,на260 м над површината на морето.
   
1 ден: (06.10.2017 - петок)
   
СКОПЈЕ – САНТОРИНИ
2 ден: (07.10.2017 – сабота)
   САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод.Поаѓање од пристаниште и пловење за Санторини.Пристигнување на Санторини во попладневните часови. Трансфер од пристаниште до сместувањето во Камари.
Време за краток одмор,и слободни активности.Во вечерните часови во договор со групата посета/вечера во некоја од таверните во Фира-главниот град на Санторини и прошетка низ градот.Фира е местото каде што најдобро може да се почувствува шармот што го има самиот остров и причината за неговата атрактивност. Во договорено време враќање во Камари. Ноќевање.
3 ден: (08.10.2017 – недела)
   OIA
Појадок. По појадокот, заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот со посебен акцент на залез на сонце во OIA. Предвидени се посети на Археолошки град Акротири, црвената плажа,Манастирот St.Ilijas, Калдера.... Во вечерните часови посета на OIA каде што ќе присуствуваме на единствената глетка - залез на сонце. По договор враќање во хотел во Камари, време за одмор, индивидуални прошетки, посета на некои таверните и ноќните барови во Камари. Ноќевање.
4 ден: (09.10.2017 – понеделник)
   КРАСТАРЕЊЕ
Појадок.По појадокот поаѓање на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод во траење од 5 часа Крстарање по калдера и посета на новиот вулкан – ПЕС од каде што се гледаат сите седум кратери (за влез на вулканот задолжителна доплата од 2,5 еур). Можност за капење во топлите води на стариот вулкан, посета на островот Тирасија и слободно време за индивидуален ручек во некоја од таверните. Враќање на пристаниште и трансфер до хотел, вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.
5 ден: (10.10.2017 – вторник)
   ВИНАРИЈА
Појадок.Одјавување од хотел. Факултативна посета на најубавата винарија во Грција.G. Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300- та метри.Во межусебно поврзаните подземни простории , преку анимации се презентира историјата на виното со сите четиринаесет генерации на производители, од нејзиниот почеток до денес.Посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат овде ,односно на Санторини. По посетата на винаријата, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа. Ноќно пловење према Пиреја/ Атина. Пристигнување на пристаништена Пиреја околу полноќ по локално време.
6 ден: (10.10.2017 – среда)
   САНТОРИНИ – СКОПЈЕ
Патувањето продолжува према граничен премин Евзони, со попатни паузи.Пристигнување во Скопје во утринските часови.
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 175 € / 10.850 ден
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со туристички автобус
  • Бродска карта , Пиреја- Санторини - Пиреја
  • Организирани трансфери: пристаниште – хотел – пристаниште
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 2* или 3*во Камари (ноќевање со појадок)
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Патничко осигурување
  • Ручек или вечера во некои од посетените места
ФАКУЛТАТИВИ :
  • Ноќна посета на главниот град ФИРА – 5 €
  • Целодневна екскурзија и разглед на знаменитостите на островот , залез во OIA - 35 €
  • Целодневно крстарење со брод, посета на вулканот ПЕС - 35 €
  • Факултативно крстарење по Бледското езеро и влезница за црквата „Света Марија“
  • Посета на винарија со дегустација на вино – 18 €
  • Ручек или вечера во некои од посетените места
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 12.01.2018 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена пред датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување за факултативите до 15.09.2017 и минимум пријавени патници за реализација: 40

 

Галерија

budimpesta budimpesta budimpesta budimpesta budimpesta budimpesta budimpesta budimpesta budimpesta budimpesta budimpesta budimpesta