ЦЕЛОСНА ПОНУДА

Вечниот град - РИМ

Октомври 2019
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
11.10.2019 - 14.10.2019
Рим
Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура... Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја... Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело... Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа... Шпанските скали...
   
11. Октомври
   СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 12:30 часот. Лет за Рим во 14:25 часот. Слетување во Рим во 16.00 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Чампио... Пристигнувањер во центарот на Рим, каде не чека локален водич и започнува панорамско разгледување на градот (околу 4часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар... Трансфер до хотел и сместување. Вечерта слободно време да украдете дел од културата на италијанците...пица, паста, вино, кафе, сладолед... Ноќевање.
12. Октомври
   РИМ – ВАТИКАН
Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи..., Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар.... Слободно попладне, пауза за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки или во договор со водичот, можност за посета на знаменитости. Ноќевање.
13. Октомври
   РИМ - ТИВОЛИ
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте - е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Во попладневните часови – факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент... Пауза за ручек. Прошетката продолжува по боемскиот кварт Транстевере. Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
14. Октомври
   РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот Чампино. Полетување за Скопје во 16:30 часот. Пристигнување во Скопје во 18.10 часот.
 
ЦЕНА за уплата до 20.09 289 €
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 366 €
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
• Авионски превоз: Скопје – Рим - Скопје со Визер
• Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг
• Трансфер аеродром – хотел - аеродром
• Сместување во хотел TEMPIO DI PALLADE HOTEL 3* на база 3 ноќевања со појадок
• Организиран панорамски разглед на Рим
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Аеродромски такси 3.700 мкд
• Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во агенција)
• Доплата за чекиран багаж - куфер до 10kg 1.800 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
• Влезници во музеите и културно историските споменици
• Карти за локален превоз (метро)
• Патничко – здравствено осигурување
• Доплата за еднокреветна соба 4.700 мкд
Факултативни излети:
• Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 55 евра
• Посета на Тиволи со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 50 евра
• Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра
Напомени:
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
• За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
• За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
• За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Атлас Корпорејшн.
• Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Галерија

Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim Rim