ПРАГА И ВИЕНА СО ДЕРЗДЕН

Октомври 2018
Автобус 6 дена / 3 ноќевања
10.10.2018 – 15.10.2018
СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!
Прага
   
1 ден (10.10.2018 - Среда)
   СКОПЈЕ – СРБИЈА – УНГАРИЈА - СЛОВАЧКА
Состанок во Скопје. Патување кон Прага, преку Србија, Унгарија и Австрија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2 ден (11.10.2018 - Четврток)
   ПРАГА
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Разглед на градот со локален водич (факултативно): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник - Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица. Ноќевање.
3 ден (12.10.2018 – Петок)
   ПРАГА – ДРЕЗДЕН – КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА - ПРАГА
Појадок. Целодневен факултативен излет за Дрезден. Во Дрезден Во Дрезден со локален водич ќе ги видете следниве атракции: Операта Земпер, Палатата Цвингер, Богородичната црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата, палатата Ташенбер, Августовиот музеј Враќање од Дрезден кон Прага.Крстарење по Влтава (факултативно) и ќе имате можност да ги видете прашките мостови и прекрасната архитектура од двете страни на Влтава. Ноќевање.
4 ден (13.10.2018 – Сабота)
   ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ - ПРАГА
Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање во хотел. Можност за факултативна организација на вечера во национален ресторан - пивница. Ноќевање.
5 ден (14.10.2018 – Недела)
   ПРАГА – ВИЕНА – УНГАРИЈА
Појадок во хотел. После појадокот, одјавување од хотел и заминување кон Виена во 08:00 часот. Пристигнување во Виена околу 15:00 часот. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, Градската Палата, Универзитетот, Палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за прошетка. Поаѓање кон Македонија околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и пасошки и царински формалности.
6 ден (15.10.2018 – Понеделник)
   СРБИЈА – СКОПЈЕ
Патување низ Србија и пристигнување во Македонија во утринските часови.
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 15.09.2018 139 € (8.618 мкд)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 149 € (9.238 мкд)
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со туристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во двокреветни соби во хотел Juno со 3* во Прага (5 km од центар) – 3 ноќевања со појадок
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето
  • Разглед на Виена
  • Организација и реализација на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Панорамски разглед на Прага со локален водич - 10 €;
  • Крстарење по Влтава - 15€;
  • Целодневна посета на Карлови Вари со професионален туристички водич од агенцијата - 25 €;
  • Целодневна посета на Дрезден со локален водич - 30 €;
  • Посета на национален чешки ресторан - пивница - 35 €;
  • Патничко осигурување;
  • Влезници во објекти;
ФАКУЛТАТИВИ – УПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА:
  • Панорамски разглед на Прага со локален водич – 10 €
  • Крстарење по Влтава – 15€
  • Целодневна посета на Карлови Вари со професионален туристички водич од агенцијата - 20€
  • Целодневна посета на Дрезден со локален водич - 25€
  • Посета на национален чешки ресторан - пивница - 25€

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 11.06.2018 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот:
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Задолжително пријавување за факултативите до 15.09.2018 и минимум пријавени патници за  реализација: 30 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ
Крстарење по Влтава
Факултативното крстарење со брод по Влтава, Ви овозможува да ги видите прашките мостови и прекрасната архитектура на овој град од двете страни нa реката. За време на целото крстарење, имате водење на англиски јазик преку снимено ЦД за знаменитостите покрај кои минуваме. Со класична музика, ова е уште една можост да ја видите Прага од еден поинаков, панорамски поглед, од палубата на бродот кон центарот на градот.

Посета на Карлови вари
Карлови Вари е познат бањски центар и град во западниот дел на регионот Чешка во Чешката Република. Се наоѓа на реките Огже и Тепла , на околу 130 км западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370 година. Познат е по своите топли извори (13 големи и околу 300 помали, и топлата река Тепла). Градот е главен административен центар на Карловарскиот крај. Над него се издигнуваат златните кули на православната црква Св Петар и Павле.Располага со 12 основни големи термални извори и уште 300 помали. Во Карлови Вари имате ексклузивни хотели, ресторани или бањи, паркот „Колонада“ е познат како парк на Антонин Дворжак од крајот на 19 век. Градот својот израз го наоѓа низ барокната архитектура,познатиот стил од крајот на 19 век „арт Нуво“ , како и термалните извори во колонадата „Спрудел“ Во Карлови Вари може да видите многу куќи и споменици во чест на големите уметници:Моцартовиот парк, каде што почива синот на Моцарт, потоа тука е куќата на Јоханес Брамс и на Штраус, улицата на Петар Велики, спомениците на Гете, на Бетовен, на Шилер, како и меморијалната плоча на Тургенев. Kaрлови Вари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал, еден од најстарите филмски фестивали во светот. Толпата од туристи кои секојдневно доаѓаат во Карлови Вари имаат можност да пијат од топлата вода од карактеристични плосната и садови, да пробаат од слатко-горчливиот ликер Бихеровка, да се напијат од чешкото пиво кое се произведува веднаш до Карлови Вари, во Плзен и во Крушовице и да се насладуваат на карловските опатки (неверојатно вкусни слатки карактеристични само за ова место, кои во зависност од индивидуалниот вкус можат да бидат со арома на какао, кокос, лешник, бадем , ванила)

Посета на Дрезден
Дрезден е четврт по големина, урбан регион во Германија после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето извонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеја), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост.

 

Галерија

praga praga praga praga praga praga praga praga praga praga viena viena