Хотелот се наоѓа во центарот на Хургада, на самиот брегот од морето. Од аеродромот оддалечен е 10км. Се состои од две згради и секоја зграда има посебна рецепција и сопствена песочна плажа, која на гостите им овозможува целосна удобност и приватност. Гостите имаат можност да ги користат двете плажи, без оглед во кој дел од хотелот се сместени. Во рамките на хотелот се наоѓаат три ресторани во кои може да уживате, во зависнот од тоа каква храна сакате: Cleopatra & Nefertiti ресторан кој нуди специјалитети од интернационалната кујна, Dolphin beach ресторан кој нуди италијански специјалитети, Chinese ресторан со арапска кујна, Oasis beach ресторан со морски плодови и Captin Nemo's ресторан кој се наоѓа на ротирачкиот покрив кој им овозможува на гостите прекрасен поглед на градот и заливот. Исто така, хотелот има тениски терени, пет надворешни базени, како и базени со тобогани, одбојка на плажа, билијард, аеробик, ватерполо, нуркање, spa & wellness центар, aqua центар ( центар за спортови на вода), помал aqua центар за деца, мини зоолошка градина, клуб за деца, , програми за анимација, театар, кино и продавници.