Хотелот Jaz Makadina, е изграден во нубиско-марокански стил и се наоѓа во Madinat Makadi, едно од најпрекрасните места во Хургада, сместен е на приватна песочна плажа со корален гребен, што го прави хотелот интересен за љубителите на богатиот подводен свет и нуркањето. Хотелот е на 30 км од аеродромот. Секој метар од 40 000 м2 е дизајниран за ваша среќа и мир. Ова е место каде што вашиот ум, тело и душа можат да се занесат во еуфорични сензации, каде околната убавина ја чувствувате дури во вашите коски. На секој агол има поглед во кој вашите очи ќе можат да уживаат…
Содржина во хотелот: Главен ресторан, 7 ресторани a la carte, Shisha bar, rent-a-car, продавници, аптека, фризерски салон, продавници за сувенири, салон за убавина, банкомат, сервис за перење и пеглање и интернет-центар.
За гостите со задолжителна доплата е достапен и Makadi Water World со 50 различни тобогани а до него се стига со редовен шатл-бус.
Спорт и забава: Хотелот нуди и 2 базени на отворено, детски базен, спа центар, џакузи на отворено, терени за тенис и одбојка, пинг-понг, пикадо, билијард, теретана и центар за нуркање. Понуда за најмладите гости: детски базен, воден парк со тобогани, мини клуб, анимација и игралиште.