Сместен меѓу прекрасните градини со палми, Giftun Azur Resort располага со 7 ресторани и 7 барови. Има базени на отворено и пространи соби со поглед кон море, базен или градина.
Giftun Azur Resort нуди модерни простории, елегантно украсени во неутрални бои. Секоја од климатизираните соби има сателитска ТВ и мини бар. Giftun Azur Resort исто така нуди посебен третман за меден месец.
Главниот ресторан на хотелот “Sunny” служи меѓународни и локални јадења за појадок и вечера. Хотелот има ориентален ресторан “El Dawar” кој нуди автентична арапска кујна, ресторан “La Piazzetta” кој има италијански специјалитети, исто така има и рибен ресторан ”Pirates of Red Sea”, бразилски и мексикански ресторан “El Gaucho” и “Asian Corner” со трпеза Teppaniakki.
Гостите можат да ги посетат баровите за да уживаат во коктел или да се релаксираат на лежалките покрај базенот. Помладите гости можат да се забавуваат на отворените детски игралишта.
Водените спортови на активности на Giftun вклучуваат гнурење, нуркање, возење со банана-брод.
Меѓународниот аеродром Хургада е на 3 километри.