Хотелот " Sea Garden " е отворен во 2000 година. Лоциран е кај старото рибарско пристаниште , со поглед на марината во Хургада и се наоѓа во близина на центарот на Хургада. Неговата локација е она што го прави овој хотел толку уникатен. Хотелот се наоѓа во непосредна близина на продавници , кафулиња, ресторани и најпознатите барови во Хургада како Papas bar, Hed Kandi Beach Bar, Hard Rock Cafе и Little Buda Bar. Sea Garden хотелот се дефинира како модерен хотел со одлична услуга и удобност.
Хотелот располага со 94 удобни и светли соби. Светлина, удобност и простор подготвен да им обезбеди на нашите гости сè што им е потребно. Sea Garden Hotel е исто така идеален за семејства. Некои од неговите соби се доволно големи за дополнителен кревет. Климатизација, централно греење, сателитска антена, директна телефонска линија, мини бар, голем избор на удобства за задоволување на сите ваши потреби.