Хотелот се наоѓа во центарот на Хургада, во областа Сакала, на самиот морски брег, а аеродромот е оддалечен 7 км. Близу е до трговските центри, ресторани и барови, а само десет минути пешачење од популарната марина. Плажата е сопствена, песочна, а употребата на чадори и лежалки е бесплатно за гостите на хотелот.
Хотелскиот комплекс се состои од главна зграда со рецепција и мал дел на сместувачки капацитети надвор од централната зграда. Хотелските содржини се: базен, со детски оддел, два ресторани со интернационална кујна, 3 ресторани a la carte, 3 барови, пинг-понг, билијард, одбојка на плажа, училиште за нуркање, ноќен клуб, интернет кафе, услуга за перење, детско игралиште, анимација за деца. Wi-Fi-то е бесплатно во лобито, додека во собите дополнително се наплаќа.
Хотелот има вкупно 299 соби, од кои повеќето имаат балкони, и се поделени на standard, superior ( поглед на градина или делумно поглед на море), deluxe (поглед кон море или базен) и семејни (две одвоени соби). Сите соби имаат клима, ТВ, телефон, мини-бар. Услугата е all inclusive (појадок, ручек и вечера, закуски, безалкохолни и алкохолни пијалоци од домашно производство).