HILTON HURGHADA PLAZA 5*

Египет , Хургада

Опис

Hilton Hurghada Plaza Hotel е еден од првите и најпознатите хотели во Хургада, сега со сосема нов, модерен изглед. Популарниот хотел беше реновиран во 2019 година и со својот феноменален стил, заслужува само зборови за пофалба. Сместен на само еден километар од центарот на Хургада и 15км од аеродромот, Hilton Hurghada Plaza нуди широк спектар на удобности за секој гостин, како што е фитнес и СПА центарот, традиционална турска бања, базени, тениско игралиште, барови, ресторани, клуб И сето тоа со неверојатен поглед на Црвеното Море. Благодарение на одличната локација, хотелот е совршена база за разгледување и шетање во новиот и стариот центар на Хургада, шопинг во трговскиот центар во градот, како и посета на познатите терени за голф во Ел Гуна. 
Ново реновираните соби обезбедуваат удобност и луксуз во модерен амбиент, а многу од нив имаат директен поглед кон морето и приватната хотелска плажа. Делукс соби се движат од 33м 2 до 66м 2, така што има многу простор за задоволство на сите.  
Хотелот Хилтон Хургада Плаза 5 * ќе ве угости во неколку ресторани и барови, со широк спектар на вкусови за секој оброк и совршено освежување во секое време од денот. Уживајте во некој од разнобојните коктели или  со одличните локални пива во еден од баровите, вкусете свежа, медитеранска храна во ресторанот за морска храна "Lophelia Seafood" или препуштете се на зајдисонцето во барот "Sands Beach". За љубителите на ноќниот живот, тука е  „Anaconda Lounge“, ексклузивен бар создаден за забавни топли ноќи со одлична музика и вашиот омилен пијалок. 
 
Приватната плажа на хотелот е совршен спој на топлото Црвеното Море и ситниот мек песок. Учествувајте во спортовите на вода, обидете се да гњурите или нуркате меѓу најубавите корални гребени, или едноставно опуштете се и уживајте во волшебниот поглед на тиркизните нијанси на морето и прекрасно украсената приватна марина на хотелот. 
Хилтон Хургада Плаза е само 15 минути возење со автомобил од меѓународниот аеродром Хургада. 


Опременост

Опременост на објектот

Wi-Fi

Превоз

Авион

Превоз

Типови на соби

Не е пронајдено сместување што одговара на вашето пребарување!

STANDARD ROOM

STANDARD ROOM AI

STANDARD ROOM AI

Возрасни
Деца
DBL STD AI

Испратете барање за потврда на резервацијата

0 MKD


0 Ноќевања

STD SGL ROOM

STD SGL ROOM AI

STD SGL ROOM AI

Возрасни
Деца
DBL STD AI

Испратете барање за потврда на резервацијата

0 MKD


0 Ноќевања

Вкупна цена

 


Внесете возраст на детето/децата




 
 

+ Вклучен превоз


Услуга

 

Ноќевања

 


ЦЕНИТЕ ВКЛУЧУВААТ: 
  • 6 ноќевања на услуга All inclusive 
  • Аеродромски такси
  • Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Хургада - Скопје 
  • дозволени 20 кг чекиран багаж по лице 
  • Трансфер  аеродром - хотел - аеродром 
  • Организација на аранжманот 

ЦЕНИТЕ НЕ ВКЛУЧУВААТ: 
  • Египетска влезна виза (25 еур- се плаќа на лице место) за македонски државјани се добива на аеродром при пристигнување во Хургада. 
    Потребно е да имате пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на Вашиот престој во Хургада и потврда за хотелска резервација 
  • Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци 
  • Патничко осигурување 

НАПОМЕНА:  
 
Цените се изразени во евра, плаќањето е задолжително во денарска против вредност по курс 1еуро = 62ден 
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ 
Целосна доплата на аранжманот 21 ден пред патувањето 
За резервација со РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ 
Задолжително патничко осигурување ,со важност на ваучерот 
За ова патување патникот е должен да поседува валиден биометриски пасош кој треба да има важност 6 месеци од денот на патување.Исполнувањето на овој услов и последиците настанати од неговото непочитување е под одговорност на патникот 
Важат општите услови на патување на тур операторот и СКТМ

Пријавување на гости: 14:00 часот

Одјавување на гости: 10:00 часот