Хотелот Титаник Beach Spa & Аква парк се наоѓа на песочна плажа, околу 18 километри од градот Хургада и 8 км од аеродромот на југ кон Safagi.Хотелот располага со 480 луксузни соби, 83 фамилијарни соби, 40 Јunior апартмани, 4 Executive апартмани и претседателски апартман.
Сите соби и апартмани се пространи и нудат удобен и релаксирачки простор. Делукс собите имаат клима уред, сателитска / LCD телевизор, бања со туш и фен за коса, сеф, мини бар и тераса или балкон.Титаник нуди на своите гости нај различни активности како што се одбојка на плажа, теретана, нуркање, билијард, куглање, аеробик, пинг-понг, мини голф, и исто така има и тениски игралишта, мини клуб и детско игралиште.
За родителите со доплата постои и услугата чување на дете. Гостите можат да ги искористат предностите на следните бесплатни услуги кои ги нуди хотелот: шатл бус еднаш на ден до новата марина, една масажа за време на нивниот престој, услуга на фризер еднаш неделно, една вечера во à la carte ресторан, дневно полнење на минибар со безалкохолни пијалаци. Овој хотел има најголем воден парк во Хургада, со бројни вода тобогани, базен со вештачки бранови, пловење по мрзлива река, и е створен за авантура и уживање.
Услуга: All Inclusive