ВИЛА МАЈУР

Вила Мајур

ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ  
 
1 ден 17.04.2020 - Индивидуално пристигнување во хотел после 14 часот. Сместување. Во 15 часот поаѓање кон фармата „Келебија”, каде ќе се одржи велигденски програм за деца и возрасни. Гостите ќе бидат послужени со колач, додека децата ќе се натпреваруваат во фарбање јајца, ќе имаат можност да си играат со јагнињата и зајачињата, додека родителите можат да се опуштат во гостилницата Favory или да се возат со фијакери низ келебиската  шума.  
Враќање во хотел. Посна вечера во ресторанот.  

2 ден 18.04.2020 - Доручек. Слободно време за индивидуални активности: индивидуално патување во Палиќ и  обиколна на Паличкото езеро и зоолошката градина, прошетка во градот...или  одмор и релаксација во нашиот спа центар (затворен базен, сауна, мини теретана... ) или релаксација на отворено.  Свечена вечера со звуците на Оркестарот со тамбури.  

3 ден 19.04.2020 - Велигденски доручек ( шунка,погача, шарени јајца ... ). По желба на гостите посета на  велигденска литургија во црквата во центарот на Суботица. Слободно време за одмор и рекреација. Одјава од хотелот до 18 часот.  
 
Цена на пакетот за ДВЕ ЛИЦА во стандардна соба   189 евра 
Цена на пакетот за ДВЕ ЛИЦА во апартман               209 евра 
Цена на пакетот за ДВЕ ЛИЦА во ВИП апартман     319 евра 
 
Пакетот вклучува: сместување на база 2 полупансион во стандардна соба или апартман. Велигденска програма на Ергелата. Користење на  спа центарот ( затворен базен, сауна, мини теретана ). 

Напомена :  
  • Организатор на ова патување е Т.А Атлас Корпорејшн Скопје 
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот. 
  • Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€ 
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А.Атлас Корпорејшн 

ВИЛА МАЈУР

Салаши - Келебија и Паличко Езеро
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+