Вила “ЏОЈ”

Апартманите “Џој” се одалечени на 600 метри од плажа, имаат убав двор и скара на располагање за гостите. Сите соби имаат комплетно опремена кујна со фрижидер, тераса, ТВ… Бесплатно користење на клима уред, Wi-Fi, паркинг.  
Вилата располага со: 4 студија. 
 
 
EARLY BOOKING 
10% попуст за целосна уплата до 31.05.2021 
  5% попуст за целосна уплата до 10.06.2021 


ЦЕНА ЗА НАЕМ 2021 год.
Термин 13.06-20.06 20.06-27.06 27.06-04.07 04.07-11.07 11.07-18.07 18.07-25.07 25.07-01.08 01.08-08.08 08.08-15.08 15.08-22.08 22.08-29.08 29.08-05.09 05.09-12.09 12.09-19.09
Ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
1/3 студио 195 215 225 235 255 285 285 285 285 285 255 235 215 195


НАПОМЕНИ: 
- ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио за 7 ноќевања. 
- Во студио/соба дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број има можност со дополнително барање (одобрување) да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни. 
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот. 
- Превозот е еден ден пред терминот во табелата. 
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената. 
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 
- За уплата на два последователни термини за престој, одобруваме 10% попуст на вториот термин и важи само за редовни цени. 
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира. 
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. 
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето. 
- Сместување во собите е по 14:00 часот по локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот. 
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. 
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место. 
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата. 
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. 
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата. 
- Се патува според протокол, пеку граничен премин Ќафасан (Струга). Се патува со лична карта или пасош не постар од 3 месеци од денот на враќање. 
- Во услови на Ковид19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз. 
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно. 
- При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај. 
- Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето. 
 
Цена за превоз
- Возрасно лице 55 евра  
- Деца до 12 години 40 евра  
- Деца до 2 години (без седиште) - бесплатно 
- Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање. 

 

Вила “ЏОЈ”

Ксамил
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+