ВИЛА ЈОНИАН ВЈУ

ВРАХОС БИЧ- се наоѓа на 600 км од Скопје, веднаш по Парга (околу 30км). Сместен на преубава, околу два километри долга плажа, ви овозможува прекрасен одмор на тиркизното Јонско море. Изобилува со кафанчиња, таверни, и рибни ресторани сместени по убавото шеталиште покрај море. Врахос секако ќе ви понуди преубав одмор во едно мало, мирно место богато со борова шума имаслинови дрва.

 

ВИЛА ЈОНИАН ВЈУ (М)
се наоѓа на височинка околу 70 метри од плажа и има прекрасен поглед на целиот залив во Врахос. Вилата има сопствен паркинг, расоплага со модерно опремени четворокреветни пространи апартмани. Сите апартмани имат свој балкон со поглед на море, комплет опремена кујна,  ТВ, сопствено купатило и клима (се доплаќа 5евра ден). Опис: апартманите се лоцирани на 1 кат, имаат две простории, спална со 1 брачен кревет и кујна со 2 единечни кревети. ДУПЛЕКС апартманот е лоциран на 1 кат има три простории, спална соби со брачен кревет, детска соба со два единечни кревети  и дневен престој со кауч на извлекување и  кујна.
39°11'04.7"N  20°32'22.2"E
39.184626, 20.539502


Попуст за резервации направени до 21.05.2022 / - 10%  

Попуст за резервации направени до 21.05.2022 за термини 05 и 12 јуни 12%

 

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ за 7 ноќи на СТУДИО / АПАРТМАН

 

ЈОНИАН ВЈУ

Термин

ноќи

1/4 АПП

1/5 ДУПЛЕКС

05.06

7

240 €

270 €

12.06

7

330 €

360 €

19.06

7

380 €

410 €

26.06

7

440 €

470 €

03.07

9

540 €

570 €

12.07

9

600 €

630 €

21.07

9

660 €

690 €

30.07

9

660 €

690 €

08.08

9

660 €

690 €

17.08

9

660 €

690 €

26.08

9

540 €

570 €

04.09

7

440 €

470 €

11.09

7

330 €

360 €

18.09

7

240 €

270 €


НАПОМЕНИ:  

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања. 

Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.  

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).  

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.  

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена. 

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира. 

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.  

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.  

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената. 

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот. 

Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот. 

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.  

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата. 

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. 

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата. 

Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз. За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно. При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај. За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот. Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето. 

Протокол за влез во Грција / Македонија: 

Негативен PCR или негативен Брз антиген тест, или потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината) или сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање. Патниците кои патуваат со свое возило треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците https://travel.gov.gr/#/ 

Цена за превоз:  

Превоз за возрасен 55€ / Еден правец 40€ 

Деца до 12 години 45€ / Еден правец 30€  

Дете до 2 години (без седиште) - бесплатно 

Место и време на поаѓање: 

Скопје 00.30 ч. Холидеј Ин 

Велес 01.00 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија) 

Неготино 01.30 ч. бензинска пумпа Макпетрол 

Смоквица 01.45 ч. бензинска пумпа BWO петрол 

Гевгелија 02.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин  

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање. 


 

ВИЛА ЈОНИАН ВЈУ

Врахос
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+