Венеција

ВЕНЕЦИЈА

City break - Февруари
10 - 13.02.2023 - Авион  - 189 EUR 
17 - 20.02.2023 - Авион  - 210 EUR

Венеција

Венеција, градот на вода и бисерот на Јадранското море. Дестинација која би требало секој љубител на убавината да ја посети најмалку барем еднаш во животот. Градот на маските, градот на најпознатиот Карневал, градот на креативноста и љубовта, едноставно градот на среќните лица заслепени од убавината на истиот. Дозволете оваа магија на различности да биде вашиот најдраг спомен за паметење.
   
1 Ден
   СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
Полетување за Венеција во 13:20 часот. Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Пристигнување во 15:05 часот. Индивидуален трансфер и сместување во хотел во Местре. Во приквечерието предлог за прошетка низ Венецијанските улици и канали каде ќе ја почуствувате магијата на градот и ќе уживате во вкусната италијанска кујна. Ноќевање. 

2 Ден
   ВЕНЕЦИЈА
Појадок. По појадокот предлог посета на плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, мостот на воздишки, каналот Гранде и мостот Риалто. Ноќевање. 

3 Ден
   ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА
Појадок. Предлог посета на Верона. Доживејте ги убавините на Италија патувајќи со воз до Верона - градот на Ромео и Јулија. Во Верона ви предлагаме да ги посетите плоштадите Ербе, Данте и Бра, Арената, како и Куќата на Јулија. Враќање во Венеција. Ноќевање. 

4 Ден
   ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за ручек и одмор. Индивидуален трансфер до аеродром. Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Лет за Скопје во 15:35. Пристигнување во Скопје во 17:15.
 
ЦЕНА (10 - 13.02.2023) 189 €
ЦЕНА (17 - 20.02.2023) 210 €
 
Цената ги вклучува следниве услуги:
  • Авионски превоз на дадената релација / WizzAir
  • Аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Сместување во хотели во Венеција / на база 3 ноќевања со појадок
Цената не вклучува:
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром со редовна “shuttle bus“ линија
  • Индивидуална посета на Верона со воз
  • Влезници во музеите и културно - историските споменици
  • Патничко - здравствено осигурување
Напомени:
  • Цената на аранжманот зависи од моменталната расположливост на местата
  • Промената на времето на авионскиот лет зависи од авиокомпанијата
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Атлас Корпорејшн и СКТМ
 

 

Галерија

Венеција

10-13.02.2023 - Авион - 189 €
17-20.02.2023 - Авион - 210 €
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+