КИПАР

КИПАР
19-22.04.2020 (4 дена / 3 ноќи / авион)



Кипар

 

1. Ден (19.04.2020 година) СКОПЈЕ ЛАРНАКА
Состанок на групата во 16:00 на аеродром Скопје. Лет со компанијата Wizz Air во 18:00  часот до Ларнака. Слетување во Ларнака 19:20. Трансфер и сместување во хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2 Ден (20.04.2020 година) ЛАРНАКА
Појадок. Организиран разглед на градот: Разгледот почнува со прошетка низ најпознатата улица со палми “Finikoudes” во строгиот центар на градот, покрај која се наоѓа и прекрасната песочна плажа по што се продолжува кон Тврдината изградена за одбрана од пиратите, во определен период користена како затвор, а денес е музеј...посета на црквата Св.Лазар во стариот автентичен дел на градот во која се наоѓаат моштите на светецот. Разгледот продолжува со посета на античкиот аквадукт Камарес.

Во попладневните часови слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 Ден (21.04.2020 година)  НИКОЗИЈА
Појадок. Факултативен  разглед на главниот  град на Кипар Никозија, еден  град поделен на два со две временки зони , граница и пасошка контрола. Се почнува со посета на делот наречен  Laiki Getonia –( Добар комшија ) исполнет со голем број на продавнички , кафичи , атељеа  и тесни улички.   Посета на Кипарскиот Археолошки музеј кој поседува голема клекција  на предмети од преку 9000 годишна историја на островот,  Етнографскиот музеј , Катедралата на Св Јован , големата палата на  Архиепископот  Макариос  III  првиот и доживотен претседател на републиката . како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во споствеништво  на Кипарската православна цркава Потоа се заминува према зелената линија  и познатиот зид кој  го дели Кипар на  Грчки и  Турски дел , Посета на црквата Фанеромени лоцирана на  самата граница  како и статуата на независен Кипар. Враќање во Ларнака. Слободно време. Ноќевање.

4. Ден (22.04.2020година) СКОПЈЕ
Појадок. Предлог факултативен излет до Лимасол, втор  по големина град, по главниот град Никозија, кој е и главно трговско пристаниште и важен туристички центар. Познат е како главно пристаниште и винарски  центар на островот кој нуди мешавина од песочни плажи ,трговски центри и  забавен ноќен живот.
Враќање во Ларнака. Трансфер до аеродром во договорено време. Полетување со Wizz Air од Ларнака  во 21:50 слетување во Скопје 22:55 часот.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба

299 еур

 

           ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со авион на релација Скопје – Ларнака – Скопје, со компанијата “Wizz Air”
  •  Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm
  • Организиран трансфер аеродром – хотел- аеродром
  • 3 ноќевања со појадок во Хотел  3*    
  • Разглед на Ларнака со водич
  • Tуристички придружник за време на патувањето.

            ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Аеродромски такси 3.300ден
  • Пријавен багаж
  • Посета на Никозија
  • Посетa на Лимасол
  • Туристичка такса
  • Влезници за културно историските споменици
  • Патничко осигурување   

 Забелешки:

  • Организатор на ова патување е АТЛАС КОРПОРЕЈШН .
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата, 15 дена пред започнување на аранжманот
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ КАКО И ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 15 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување на АТЛАС КОРПОРЕЈШН и СКТМ се составен дел од овој аранжман

КИПАР

19-22.04.2020
4 дена / 3 ноќи / авион
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+