Русија - Москва и Санкт Петербург



19. Април (Вторник)   СКОПЈЕ - МОСКВА    
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 09:45 часот. Полетување во 12:45 и пристигнување во Москва во 17:05 часот (локално време). Организиран трансфер од аеродромот до хотелот со запознавање со моќната руска престолнина Москва. Сместување во хотелот. Организиран панорамски разглед на Москва: Црвениот плоштад, Кремљ, Твeрската улица, Големиот театар, Новодевичкиот манастир, Универзитетот Ломоносов, Мосфилмовската улица каде се наоѓаат повеќето амбасади, Симболот на Мосфилм, со интересна приказна на локалниот водич за историјата и секојдневниот живот на Москва. Ноќевање.  

20. Април (Среда)  МОСКВА - КРЕМЉ   
Појадок. Организирана посета на Кремљ, историскиот центар на Москва, неповторлив по својата убавина. Комплексот е опкружен со реката Москва на југ, Црквата Свети Василиј Блажени и Црвениот плоштад на исток и Александровата градина на запад. Во прошетката се разгледуваат Успенската, Архангелската и Благовештенската Црква, Царскиот топ од 14 век, Царското ѕвоно и Претседателската палата. Кремљ претставува поранешна резиденција на руските цареви. Можност да се присуствува на ”промена на царската гарда”, а потоа слободно време за индивидуални прошетки и посета на раскошниот трговски центар ГУМ на Црвениот плоштад. Ноќевање.  

21. Април (Четврток) МОСКВА - СЕРГИЕВ ПОСАД 
Појадок. Можност за организирање на факултативен излет до Сергиевиот Посад (оддалечен 70 км од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комлекси, центар на руското православие и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Разгледување на Сергиевата Лавра, бисер на руската уметност и архитектура. Ноќевање.  

22. Април (Петок)  МОСКВА    
Појадок. Прошетката во Москва продолжува со обиколка на неколку од најубавите метро станици со богато декорирани столбови, мозаици и скуптури. Можност за факултативно крстарење по реката Москва на ексклузивниот брод-ресторан Radisson. Ноќевање.  

23. Април (Сабота)  МОСКВА - САНКТ ПЕТЕРБУРГ    
Појадок. Трансфер до железничката станица Ленинградски вогзал и организиран превоз до Санкт Петербург со модерен брз воз Сапсан (4 часа). Сместување во хотелот. Панорамски разглед на културната престолнина на Русија: Булеварот Невски, Казанската црква, Дворскиот плоштад, Адмиралитетот, Василевскиот Остров, Ермитаж, Исакиевата Соборна црква, Бронзениот Коњаник, Смољни... Посета на Петропавловската тврдина, проектирана да ја заштити ново освоената територија, која го изгубила военото значење пред да биде завршена. Нејзините топови никогаш не извеле воена акција и биле употребувани само како сигнал за предупредување од поплави. Тврдината, речиси 200 години служела како политички затвор. Во центарот на тврдината се наоѓа Соборната црква Свети Петар и Павле. Прошетката продолжува до црквата Свети Исак изградена во чест на светецот заштитник на Петар Велики. Некогаш била главна црква во Русија и една од најголемите цркви со купола во светот, која може да прими до 10.000 посетители. Ноќевање.  

24. Април (Неделник) САНКТ ПЕТЕРБУРГ - ЕРМИТАЖ  
Појадок. Посета на Ермитаж, еден од најголемите светски музеи на уметноста и културата. Во повеќе од 400 простории, во Зимскиот дворец и во неколку раскошни палати се прикажани околу 3 милиони уметнички предмети. Меѓу ремек делата најголемо внимание привлекуваат сликите на Леонардо Да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Пикасо... Можност за посета на балетска или оперска претстава, во вечерните часови. Ноќевање. 

25. Април (Понеделник) САНКТ ПЕТЕРБУРГ - ЦАРСКО СЕЛО  
Појадок. Прошетка до летната резиденција на Екатерина Велика во Царско Село, Пушкин. Посета на дворецот за чија декорација е употребено 100 килограми злато, ентериерот фасцинира со сјајот на уметничките предмети и портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината од основањето на градот, е завршена обновата на прочуената Килибарска соба, која на дворецот му го врати стариот сјај. Убавината е надополнета со преубавиот простран парк, исполнет со фонтани, канали, мостови и езера. Можност за крстарење со брод по реката Нева, со восхитувачки глетки кон архитектурата на градот. Ноќевање. 

26. Април (Вторник)  САНКТ ПЕТЕРБУРГ -  ПЕТЕРГОФ  
Појадок. Прошетка до фантастичниот Петергоф, со величествениот Петродворец, најпознатата и најспектакуларна палата на Петар Велики, летната резиденција на најголемиот руски цар. Дворецот, познат како руски Версај, е опколен со романтични градини во рококо стил со водени каскади и фонтани сместени во центарот на паркот. Целиот комплекс, кој ги восхитува посетителите е ставен на листата на УНЕСКО како светското културно наследство. Ноќевање. 
 
27. Април (Среда)  САНКТ ПЕТЕРБУРГ - СКОПЈЕ  
Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Санкт Петербург. Полетување за Скопје во 15.35 часот (локално време). Пристигнување во Скопје во 18.00 часот.  
 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  999 евра   (61.950 денари) 
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:   
-Авионски превоз на релација Скопје -Москва и Санкт Петербург - Скопје со вклучени аеродромски такси 
-   Рачен багаж до 10 kg и Багаж за чекирање 1 куфер до 20 kg 
-   Трансфер во Москва од аеродромот до хотелот 
-   Превоз со брз воз од Москва до Санкт Петербург со организиран превоз до железничките станици 
-   Трансфер во Санкт Петербург од хотелот до аеродромот  
-   Сместување во Хотел 4* во Москва на база 4 ноќевања со појадок 
-   Сместување во Хотел 4* во Санкт Петербург на база 4 ноќевања со појадок 
-   Организирани разгледи на Москва и Санкт Петербург 
-   Екскурзии со вклучени влезници, превоз и локален водич 
Кремљ, Ермитаж, Петродворец Петергоф, Царско Село Пушкин  
-   Туристичка виза на Руската Федерација  
-   Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
-   PCR тест 
-   Факултативни излети  
    Сергиев Посад 60 евра, Крстарење со брод по реката Москва, Крстарење со брод по реката Нева 
-   Карти за театарска претстава и карти за локален превоз (метро) 
-   Патничко-здравствено осигурување  

НАПОМЕНИ: 
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 10 патници 
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ 
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари 
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето 

 

 

Русија - Москва и Санкт Петербург

19.04.2022 - 27.04.2022
Авион/ 9 дена/ 8 ноќевања
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+