ПАРИЗ

ПАРИЗ

City break
Авион 4 дена / 3 ноќевања
 
ПАРИЗ

Позициониран на бреговите на реката Сена во срцето на Франција, Париз е град кој гордо го носи епитетот Град на светлината. Рај за вашите очи, мир за вашата душа кој ве обзема со својата убавина и ве опива со уметноста која живее низ улиците на градот.
Ајфеловата кула, Катедралата Нотр Дам де Пари на островот во Сена, хотелот Риц во кој живеела Коко Шанел, Плоштадот Бастиља, раскошната улица Шанзелизе со Наполеоновиот Споменик на победата, голем број на благороднички и граѓански палати како и некогашната кралска палата Лувр - еден од најголемите и најбогати светски музеи, Елисејската палата, Бурбонската палата, кралската палата Версај, прекрасните градини, Дизниленд, Дефанс... Накратко речено Париз е дестинацијата која што со сигурност може да се нарече ГРАД - МУЗЕЈ.
   
 1 ден
   СКОПЈЕ - ПАРИЗ
Полетување за Париз во 18:10 и пристигнување во Париз во 21:10. Индивидуален трансфер од аеродромот Paris Bove до центарот на Париз. Сместување во хотел. Можност за посета на Катедралата Нотр Дам, во најстариот дел од Париз и живописниот Латински кварт. Ноќевање. 

 2 ден
   ПАРИЗ
Појадок. Можност за индивидуална посета на еден од најбогатите светски музеи - импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Мона Лиза од Да Винчи, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите. Прошетката продолжува кон Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадите Конкорд и Трокадеро, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамата на Париз од третиот кат (превоз до сите знаменитости - со метро). Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, музејот и вечерна прошетка по познатата улица Шанзелизе. Ноќевање. 

 3 ден
   ПАРИЗ
Појадок. Можност за идивидуална посета на грандиозниот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, салата со огледала и прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, со многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило. Посета на модерниот бизнис центар Дефанс - парискиот кварт од 21-от Век. Во вечерните часови, препорачуваме прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “бела гулабица”. Прошетката продолжува до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои е и светски познатиот Mouline Rouge. Ноќевање. 

 4 ден
   ПАРИЗ - СКОПЈЕ
Појадок. Oвoj ден од вашиот престој во Париз може да го искористите и за факултативна посета на забавниот парк Disneyland , во светот на приказните со многубројни атракции, претстави и паради (превоз со брз воз RER). Индивидуален превоз до аеродромот Paris Bove. Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Полетување за Скопје во 21:45 и пристигнување во 00:25 часот.
 
ЦЕНА ОД 199 €
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Авионски превоз на дадената релација / WizzAir
  • Аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Сместување во Хотел 3* во Париз / на база 3 ноќевања со појадок
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Трансфер аеродром - хотел - аеродром со редовна “shuttle bus“ линија
  • Влезници во музеите и културно - историските споменици
  • Карти за јавен превоз (метро)
  • Влезница за Ајфелова Кула
  • Крстарење со брод по Сена
  • Посета на Лувр
  • Посета на Дизниленд
  • Посета на Версај
  • Патничко-здравствено осигурување
Напомена:
  • Цената на аранжманот зависи од моменталната расположливост на местата
  • Промената на времето на авионскиот лет зависи од авиокомпанијата
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Атлас Корпорејшн и СКТМ
 

Галерија

ПАРИЗ

Авион 4 дена / 3 ноќи / појадок

Цена од: 199 €

Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+