Македонскиот бисер - ОХРИД

Македонскиот бисер - О Х Р И Д 
4 ноќи / 5 дена 
19.07 - 23.07 / 26.07 - 30.07 / 02.08 - 06.08 / 09.08 - 13.08 / 16.08 - 20.08 / 23.08 - 27.08 
 
1 ден недела:  Скопје  - Св.Јован Бигорски - Вевчани - Охрид  
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Holiday Inn во 07:30 часот, поаѓање во 08:00 часот. 
Патувањето започнува од Скопје кон Охрид преку западниот дел на Р.Македонија - еден од најживописните региони во земјата. Целодневниот трансфер од Скопје до Охрид вклучува патување низ најголемиот национален парк Маврово, како и посета на Реканскиот регион кој изобилува со природно богатство, но и со илјадници приказни кои ја прераскажуваат богатата историја на овој крај. Попатна посета на манастирот Св.Јован Бигорски кој е еден од највпечатливите и најбогатите верски објекти во Р.Македонија. Манастирот Свети Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас како и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Патувањето продолжува кон  Вевчани. Иако е општина со најмал број на жители сепак има и свој пасош. На сред село ќе Ве пречекаат љубезните жители на Вевчани, кои со душа чекаат посетители за да ги раскажат легендарните приказни врзани за ова место. Освен што е препознатливо по традиционалниот карневал кој секоја година се одржува на Василица 13ти и 14ти јануари, Вевчани изобилува со неверојатна природна убавина, а вистинска атракција се Вевчанските извори. За да стигнете до изворите потребни ви се 10-тина минути од центарот на селото нагоре, следете ги ознаките и уживајте во старите уникатни селски куќи кои пленат со својата топлина. Во пределот кај изворите направена е посебна пешачка патека, можете да најдете и дрвени клупи и масички. Уживајте во зеленилото и звукот на водата.  Доцна попладне сместување во хотел во Охрид. Вечера. Ноќевање. 

2 ден понеделник: Охрид 
По појадокот следи разглед на градот кој е познат како Балкански Ерусалим со стручен локален водич започнувајќи со прошетка низ старата охридска чаршија, Алипашината џамија, стариот дел на градот со црквата Св.Софија, Античкиот амфитеатар, локалитетите Долна и Горна порта, Самоиловата тврдина, археолошкиот локалитет Плаошник како и црквата Св.Јован Канео. Можност за враќање на главниот плоштад во традиционални рибарски чамци. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот и шопинг на познатите охридски бисери. Можност за ручек во локалните ресторани каде може да се вкусат преубавите традиционални охридски специјалитети: пастрмка, јагула, ѓомлезе… Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање. 

3 ден вторник: Охрид 
Појадок. Ден предвиден за слободни активности. Можност за факултативен разглед од водена перспектива на Охридското крајбрежје и градот Охрид, прекрасна можност во попладневните часови да се види прекрасното зајдисонце и осветлувањето на Стариот град.  Вечера. Ноќевање. 
 
4 ден среда: Охрид  
Појадок. Ден предвиден за слободни активности.  Можност за полудневно факултативно крстарење по Охридското езеро до манастирскиот комплекс  Св.Наум, при кое се нуди да се видат и скриените убавини на езерото - селата Пештани и Трпеица, црквата Св. Богородица во Заум. Вечера. Ноќевање. 

5 ден четврток: Охрид 
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Слободно предпладне до поаѓање за Скопје. 
Пристигнување во Скопје во доцните попладневни часови. 
 
ЦЕНА: 6.900 ден  
Можност за плаќање во готово и со кредитни картички 

Во цената на аранжнанот се вклучени следните услуги: 
• Превоз на дадената релација со високотуристички автобус; 
• Сместување во хотел Фламенго 4* - Охрид   
на база 4  полу пансиони  (појадок и вечера) 
• Посети предвидени со програмата: Св.Јован Бигорски, Вевчани, Охрид, Св.Наум 
• Лиценциран пратител - водич во текот на патувањето; 
• Организација и реализација на патувањето  

Во цената на аранжнанот не се вклучени следните услуги: 
• Влезници за културно историските локалитети предвидени во програмата  
 
НАПОМЕНА: 
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 25 патници. Доколку не се оствари минималниот број на патници организаторот го задржува правото на отказ на патувањето 7 дена до почетокот или да ја зголеми цената. 
За ова патување важат општите услови на СКТМ и Атлас Корпорејшн.  
При уплата на аранжманот може да се користат Ваучерите за туризам и платежните картички за домашни производи 
При реализација на аранжманот во целост ќе се почитуваат безбедносните мерки и препораки на Министерството за здравство и Владата на РСМ 
 
ОПИС НА ХОТЕЛОТ: 
Хотел ,,ФЛАМЕНГО”  4* - ОХРИД 
Хотел ,,Фламенго” 4* e лоциран на само 5 минути пешачење од строгиот центар на градот или 15 минутна прошетка до Лабино плажата. Хотелот располага со ресторан, надворешен базен со бар, како и сопствен паркинг. 
Хотелот има 49 соби. Секоја соба има сопствено купатило, бесплатно WIFI, клима и кабелска ТВ. 
За нашите гости користењето на базенот како и лежалките и чадорите за сонце се бесплатни. 

Македонскиот бисер - ОХРИД

4 ноќи / 5 дена
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+