ХОТЕЛ СУ 4*

Хотел „СУ“  е сместен на првата линија на езерскиот брег, во мирно и тивко опкружување на само 8 минути пешачење од центарот на Охрид. СУ Хотелот може да се пофали со елегантен ресторан кој има прекрасен поглед кон Охридското Езеро и градот. Ресторанот има капацитет од 40 места, кој служи локални и меѓународни специјалитети во пријатен амбиент. По претходна резервација, можат да се организираат секакви коктели за забави, свадби и други прослави. 
Можете да уживате  во прекрасната околина додека пиете кафе во барот на првиот кат на хотелот СУ кој може да смести до 46 лица и  голем салон за затворен простор од 100 м2 и пространа отворена тераса. 
Хотелските „паметни“ соби се совршено место за секој авантуристички патник. Од осветлувањето и амбиентот до температурата и секоја функција во Вашата соба, уживајте со паметниот систем во сосема новото хотелско крило дополнет со прекрасен поглед кон Охридското Езеро и модерен современ дизајн.  Со одделен простор за дневна соба и голем балкон со поглед кон Охридското Езеро, Smart Suits собите имаат дополнителна удобност на просторот. Двокреветните соби се идеални за парови, семејства или пријатели.  Покрај тоа што нудат прекрасен поглед на градот и езерото, тие им нудат на гостите  супериорен квалитет со модерен локален допир при дизајнот на ентериерот. Доколку сакате пак,  да уживате во малку повеќе комфорт и релаксиран луксуз одберете некоја од супериорните соби за тоа посебно чувство на висококвалитетна услуга и декор. Истражете го градот заштитен од УНЕСКО од идеална стартна позиција и чувствувајте се како дома кога ќе се вратите во вашата екстра удобна соба. 

ТИП НА СОБА Ноќевање со појадок
BB
Стандардна 1/1 соба 37 €
Стандардна 1/2 соба 27 €
Супериор 1/1 соба 50 €
Супериор 1/2 соба 35 €
Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1 еур = 62 мкд 

Цените се дадени по лице на ноќ 
Деца до 3 години гратис (само во Супериор, Смар Суитс соби)  
Дете од 3 до 9 години плаќа 50% од цената (само во Супериор, Смар Суитс соби)  
Трето лице во соба (само во Супериор, Смар Суитс соби) плаќа 15 €  
Доплата за оброк 10 € по лице

 

ХОТЕЛ СУ 4*

Охрид
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+