ХОТЕЛ СКАРДУС

Хотелот Скардус нуди релаксација и удобност во сите сезони. Зимската убавина, фасцинантната природа, свежината на летото даваат прекрасна и релаксирачка панорама. Хотелот со 4 sвезди нуди пријатна атмосфера, при што големо внимание се посветува на испреплетеноста на модерното и традиционалното. Хотел Скардус нуди висококвалитетни услуги со капацитет од 140 кревети, организирани во повеќе типови стандардни и апартмани, каде 2 ВИП Апартмани се опремени со сауна. 
Посебно внимание се посветува на ресторанот, каде можете да се послужите со различна храна со висок квалитет и одличен вкус. Во текот на летото, се организира Авантуристички туризам со професионални водичи за пешачење (Hiking) во најубавите места на Шар Планина. Покрај ресторанот, барот и две конференциски сали, кои се опремени со сите професионални услови за одржување состаноци, семинари и конференции, хотелот располага и со Спа центар со два базени (за возрасни и деца), три сауни и фитнес центар. Масажи се нудат на барање. Попова Шапка како туристички центар е познат по планинскиот туризам. Поседува 11 ски-лифтови во должина од 11.000 метри и должина на патеката од околу 20 км. 

ЛЕТНА СЕЗОНА 2020 ГОДИНА
01.04.2020 – 20.12.2020
ТИП НА СОБА Ноќевање со појадок и вечера
HB
Еднокреветна соба 42 €
Две или повеќекреветни соби  35 €

Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1 еур = 62 мкд 
 
 
Цените се дадени по лице на ноќ, со вклучен појадок и вечера користење на Спа центар (базен, 2 фински сауни и 1 турска како и фитнес центар) и приватен паркинг 
Цените се со вклучен ДДВ  
 
 
Деца од 0 - 4 години - бесплатно  
Деца од 5 - 11 години плаќаат 50% од сумата  
Деца од 12 години плаќаат цела сума  

 

ХОТЕЛ СКАРДУС

Попова Шапка
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+