ХОТЕЛ РОМАНТИК ПЛАЗА 4*

Хотел Романтик е сместен на самиот брег на Дојранското Езеро и претставува синоним за беспрекорна услуга во хотелско сместување и угостителство во Стар Дојран, туристичкиот бисер во Јужна Македонија. Гордо поставен со поглед на Дојранското Езеро, Хотел Романтик е подготвен да ја чува тајната на непредвидливото езеро за која се врзуваат многу легенди. 
Хотелот поседува сопствен надворешен базен кој работи во летниот период (Април-Октомври), Голема конференциска сала (120 луѓе), Бар за 40 гости, Ресторан  со капацитет од 300 гости , Ресторанска тераса со поглед на Дојранско Езеро со капацитет за 240 гости. 


ТИП НА СОБА Ноќевање со појадок
BB
Полупансион
HB
Полн пансион
FB
1/1 35 € 42 € 48 €
1/2  Двокреветна/ Трокреветна 25 € 31,50 € 38 €
Апартман 66 € 79 € 92 €
Делукс Суит 71 € 84 € 97 €

Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1 еур = 62 мкд 
 
Цените се дадени по лице на ноќ 
За деца до 5,99  години не се наплатува 
За деца 6-11,99години се доплатува 180,00 ден 
3-то лице (возрасен) во двокреветна соба со помошно легло доплаќа 70% од цената по лице за двокреветна соба 
3-то лице (возрасен) во апартман 180,00 ден 
Дополнителен мени оброк чини 390,00 ден по лице 
Во цените не е вклучена туристичка такса од 40 денари по лице на ден.  
Користењето на надворешниот базен е бесплатно 
Секоја соба е опремена со централна климатизација за греење и ладење , купатило со бања , ТВ , Интернет WiFi, телефон со директна линија 

 

ХОТЕЛ РОМАНТИК ПЛАЗА 4*

Стар Дојран
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+