ХОТЕЛ РАДИКА 5*

Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк "Маврово", Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума.  
Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил.  
Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага и со внатрешен и надворешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен. 
                                       
                                                Цени валидни за период 01.12-27.12.20 и 25.01 - 01.04.21
                                              
ТИП НА СОБА Еднокреветна соба Двокреветна соба   
Стандардна супериор  69 € 49 €
Jуниор суит 79 € 59 €
Апартман   89 € 69 €

Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1 еур = 62 мкд 
 
Цените се дадени по лице на ноќ и вклучуваат:  
-Ноќевање со појадок, користење на СПА центарот, интернет, паркинг, туристичка такса. 
-Дете до 4 години гратис  
-Дете 4-12 години 20 еур по ноќ  
-Трето лице во соба 35 еур по ноќ 
- Доплата за оброк 15 € по лице  

 

ХОТЕЛ РАДИКА 5*

Маврово
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+