ФРАНКФУРТ

ФРАНКФУРТ

City Break
Авион / 4 дена / 3 ноќевања со појадок
 
Франкфурт

Многумина го сметаат дека е еден од главните финансиски и транспортни центри во Германија. Иако честопати е споменуван како седиште на Европската централна банка, Франкфуртската берза како и познатиот Франкфуртски саем, сепак Франкфурт како и останатите светски дестинации може да се пофали со својата богатата историја, многубројните музеи, како и град со совршен ноќен живот. Градот кој што се вбројува во десетте Алфа светски градови, е дефинитивно уште една европска дестинација која треба да ја запишете на вашата листа за патување.

   
1 ден
   СКОПЈЕ – ФРАНКФУРТ
Полетување за Франкфурт во 19:10 часот. Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Пристигнување во Франкфурт во 21:30 часот. Индивидуален трансфер до хотел. Сместување во Хотел. Ноќевање. 

2 ден
   ФРАНКФУРТ
Појадок. Прошетката може да ја започнете со посета на Цајл - главната улица за шопинг во Франкфурт. Улицата е пешачка зона и се граничи со два големи плоштади, Хауптвахе на запад и Констаблервахе на исток. Таа е втората најскапа улица за продавниците за изнајмување под кирија во цела Германија, веднаш по Кауфингерштрасе во Минхен. Во текот на еден месец пред Божиќ, продолжената пешачка зона е резервирана за еден од најголемите и најстарите божиќни пазари во Германија. Остатокот од денот искористете го за да ја посетите главната црква во Франкфурт Катедралата Св. Вартоломеј изградена во готски стил, Црквата Св. Павле - национален историски споменик во Германија, старата Оперска куќа, како и Црквата Света Катерина. Ноќевање. 

3 ден
   ФРАНКФУРТ
Појадок. Слободно време за посета на некој од многубројните музеи. Најголемиот број музеи во Франкфурт се распоредени по должината на реката Мајна во Захсенхаузен (јужната страна) или во стариот дел на градскиот центар (северниот дел). Имено оваа област токму поради големиот број на музеи е и позната како Museumsufer (Музејски речен брег). Не заборавајте да ја посетите и Palmengarten, една од градините каде што за момент ќе може да одморите од градскиот метеж и се восхитувате на убавините од природата, а денот завршете го со едно незаборавно крстарење по реката Мајна. Ноќевање. 

4 ден
   ФРАНКФУРТ - СКОПЈЕ
Појадок. Прошетка до некој од трговските центри во Франкфурт. Време за одмор и ручек. Индивидуален трансфер до аеродром. Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Полетување за Скопје во 21:55 часот. Пристигнување во Скопје во 00:30 часот.
 
ЦЕНА ОД 144 €
 
Цената ги вклучува следниве услуги:
  • Авионски превоз на дадената релација / WizzAir
  • Аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Сместување во хотели во Франкфурт / база 3 ноќевања со појадок
Цената не вклучува:
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром со редовна “shuttle bus“ линија
  • Влезници во музеите и културно – историските споменици
  • Патничко - здравствено осигурување
Напомена:
  • Цената на аранжманот зависи од моменталната расположливост на местата
  • Промената на времето на авионскиот лет зависи од авиокомпанијата
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Атлас Корпорејшн и СКТМ

Галерија

ФРАНКФУРТ

Авион 4 дена / 3 ноќи / појадок

Цена од: 144 €

Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+