БРАТИСЛАВА НОВА ГОДИНА

БРАТИСЛАВА

Нова Година 2022
Авион / 3 дена / 2 ноќевања
 
Братислава

Лоцирана до границата со Австрија, на само 1 час од Виена, блиску до соседната Унгарија и секако поранешната „братска република“, Чешка, Братислава, главниот град на Словачка е стариот европски град кој несомнено ќе ве шармира со својата богата гастрономска понуда, интересна историја и секако места кои ќе ви создадат незаборавни фотографии и моменти за паметење.
Братислава е основана некаде околу вториот век пред новата ера и претставувала значајна одбранбена и трговска станица. Својот зенит овој град го достигнува во средината на 18-от век, под патронажа на императорката Марија Тереза (последната и најистакната владетелка од Хабзбуршката династија) за која е кажано дека била љубител на локалните вина во овој град.
До 1918, градот бил „прибежиште“ за племството на Австро-Унгарија и во овој период се нарекувал Pressburg, на германски. Сепак на почетокот од 90-те градските власти се решиле да го обноват Стариот Град за да ги привлечат туристите, па така поранешната европска визба (како што била нарекувана од страна на Германците) набргу стана популарна европска дестинација.
   
30 Декември  (Четврток)     СКОПЈЕ БРАТИСЛАВА 
Состанок на групата 11:30 часот . Полетување за Братислава во 14:10 часот. Пристигнување во Братислава во 15:40 часот. Организиран трансфер. Сместување во Хотел. Предлог -прошетка низ градот и вечера во некој од околните ресторани. Ноќевање 
31 Декември  (Петок)             БРАТИСЛАВА  
Појадок. Посета на Стариот плоштад, прекрасниот Братиславски дворец кој е лоциран на ридот и од кој ќе имате прилика да уживате во прекрасниот поглед на Дунав и преубавата панорама на градот, Михалската Порта, Грашалкович палатата (Претседателската палата на Братислава), катедралата Св. Мартин, палатата Примата, плоштадот Хвиједослав на кој ќе имате прилика да го видите и Словачкиот национален театар, како и не помалку битна, но сепак затскриена во поновиот дел од градот, црквата Св. Елизабета (Сината Црква). Слободно време.  
Вечерта, дочек на Новата Година на плоштадот или во некој ресторан, бар ...Ноќевање.   
01  јануари  (Сабота)            БРАТИСЛАВА СКОПЈЕ 
Појадок. Слободно време. Организиран трансфер до аеродром во Братислава. Полетување за Скопје во 16:05 часот. Пристигнување во Скопје во 17:35 часот. 

 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЦЕНА ПО ОСОБА BLACK FRIDAY ПОПУСТ
до 01.12
-33%
299 еур 199 eур
 
 Во цената на аранжманот е вклучено: 
• Авионски превоз на дадената релација / WizzAir 
• Аеродромски такси 
• Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см) 
• Сместување во хотел во Братислава / на база 2 ноќевања со појадок 
• Полудневен разглед со локален водич 
• Трансфер аеродром - хотел - аеродром  
• Придружник на патувањето  
 
Во цената на аранжманот не е вклучено: 
• Чекиран багаж  
• Влезници во музеите и културно - историските споменици 
• Патничко - здравствено осигурување   
  
Напомена:  
• Промената на времето на авионскиот лет зависи од авиокомпанијата 
• Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари 
• За овој аранжман важат општите услови за патување на Атлас Корпорејшн и СКТМ 

 

Галерија

БРАТИСЛАВА НОВА ГОДИНА

Авион / 3 Дена / 2 Ноќевања
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+