АМСТЕРДАМ

АМСТЕРДАМ

City break - Мај
19-22.05.2023 - Авион 
26-29.05.2023 - Авион 
АМСТЕРДАМ

Амстердам - Градот на вода, градот на лалињата, градот со импресивна архитектура, градот кој лежи на бреговите на две водни маси, заливот Ајселмер и реката Амстел. Град кој спие на 160 канали кои го делат на околу 90 островчиња, поради што гордо го носи епитетот - Венеција на Западна Европа. Центарот на Амстердам го краси плоштадот Дам на кој се наоѓа класицистичката кралска палата од 17 век - втората резиденција на кралското семејство, реформистичката Нова Црква од 15 век, и шопинг улицата Калверстрат. Амстердам - дестинацијата која не треба да ја пропуштите.
   
 1 ден
   СКОПЈЕ - АМСТЕРДАМ
Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Авионот за Ајндховен полетува во 14:10 и слетува во 17:05 часот. Индивидуален превоз до Амстердам, и сместување во хотел. По пристигнувањето предлог прошетка низ градот, можност за посета на некој од музеите: Државниот музеј - Ријкс музејот кој е основан од братот на Наполеон (15 до 17 век, со делата на Рембрант), Музејот Ван Гог каде е изложена најголемата збирка на неговите дела, музеј - куќата на Рембрант во некогашниот еврејски кварт, како и куќата на Ана Франк. Ноќевање. 

 2 ден
   АМСТЕРДАМ
Појадок. Можност за разглед на стариот дел на градот, главниот Плоштад Дам, Кралската палата, Музејот на Мадам Тисо, Новата Црква, Плоштадот Рембрант и Статуата на познатиот сликар, Тропскиот музеј, “црвениот кварт” де Вален каде легално се продава канабис, и незаборавна посета на работилницата во познатата фабрика за дијаманти Coster Diamonds и навлегување во тајните на брусење на прочуените дијаманти. Ноќевање. 

 3 ден
   АМСТЕРДАМ
Појадок. Слободно време за прошетка и шопинг во прекрасните продавници. Во вечерните часови наша препорака - крстарење со брод по каналите на Амстердам и доживување на боите на градот на посебен начин, покрај мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање. 

 4 ден
   АМСТЕРДАМ – СКОПЈЕ
Појадок. Индивидуален превоз до Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 17:10 часот Препорачуваме два часа пред лет да бидете на аеродром. Пристигнување во Скопје во 19:45 часот на аеродромот Александар Велики. 

 
ЦЕНА (19-22.05.2023) 365 €
ЦЕНА (26-29.05.2023) 395 €
 

Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Авионски превоз на релација Скопје - Ајндховен - Скопје / WizzAir
  •  Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Сместување во Хотел 3* во Амстердам / на база 3 ноќевања со појадок
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Трансфер: Аеродром - Ајндховен - Хотел (во Амстердам) - Ајндховен - Аеродром
  • Влезници во музеи, карти за локален превоз
  • Патничко - здравствено осигурување
Напомени:
  • Цената на аранжманот зависи од моменталната расположливост на местата
  • Промената на времето на авионскиот лет зависи од авиокомпанијата
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Атлас Корпорејшн и СКТМ

Галерија

 

АМСТЕРДАМ

19-22.05.2023 - 365 EUR - Авион
26-29.05.2023 - 395 EUR - Авион
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+