ЦЕЛОСНА ПОНУДА

МИЛАНО

со посета на ЛУГАНО и КОМО
Март 2019
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
08.03-11.03.2019
Милано
Вториот по големина град во Италија, издигнат како феникс од последиците на Втората Светска војна, со својата моќ ги руши административните граници и создава своја територија наречена Метрополитенска област, со најмногу население и индусриска густина. Милано – главниот град на Ломбардија, главен финансиски центар во кој се наоѓа познатата Италијанската берза. Центарот на светската мода и дизајн.. потсетува на, шопинг, фудбал, опера...и незанемарливо богатство на историја, бројни музеи кои привлекуват милиони туристи...
   
 08. Март (Петок)
   СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:00 часот. Полетување за Милано во 13:20 и слетување во 15:20 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот, со запознавање на елитниот град Милано, еден од најразвиените урбани центри во Европа, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Сместување во хотелот. Препорачуваме, уживање на концертот на италијанската поп-рок ѕвезда Ерос Рамацоти (превоз со метро). Ноќевање.
 09. Март (Сабота)
   МИЛАНО
Појадок. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига каде што свои бутици имаат речиси сите познати модни креатори. Почувствувајте ја највисоката мода во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, изградена во период 1865-1867 година, импресивна градба, фасада со царски лик, а, внатрешноста плени со многу луксуз и детали за восхит. Во средината на Галеријата е поставен плоштад - октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија - Рим, Фиренца, Милано и Торино (традицијата вели дека ако едно лице ја стави петата на гениталиите на бикот и се сврти во круг три пати, ова ќе му донесе среќа). Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Слободно време за шопинг во Милано и да се почувствува атмосферата на миланските кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Ноќевање.
10.Март (Недела)
   МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico... Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Околу Езерото, светскиот џет сет има свои вили и го поминува својот одмор. Тука се снимени и некои од подобрите филмски остварувања, меѓу кои и Казино Ројал – Џејмс Бонд. Ноќевање.
11. Март (Понеделник)
   МИЛАНО - СКОПЈЕ
Појадок. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро”. Трансфер до аеродромот Малпенса. Полетување за Скопје во 15:50 и слетување во 17:50 часот.
 
Хотел Ibis Milano Ca Granda 3*

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
За уплата до 23 Јануари 199 евра (12.350 денари)

249 евра (15.450 денари)
Хотел Novotel Milano Nord Ca Granda 4*

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
За уплата до 23 Јануари 215 евра (13.350 денари)

269 евра (16.700 денари)
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
- Организиран трансфер до Милано од аеродромот до хотелот и обратно
- Сместување во Хотел Ibis Milano Ca Granda 3* во Милано на база 3 ноќевања со појадок (https://www.accorhotels.com/gb/hotel-1135-ibis-milano-ca-granda/index.shtml)
Хотел Novotel Milano Nord Ca Granda 4*
(www.accorhotels.com/gb/hotel-1140-novotel-milano-nord-ca-granda/index.shtml) - Организиран разглед и прошетки во Милано според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Аеродромски такси 3.300 денари
- Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 50х40х23cm (со максимум 10kg) 1.200 денари
- Доплата за куфер за чекирање (со максимум 10kg) 2.100 денари
- Доплата за поголем куфер за чекирање (со максимум 20kg наместо 10kg) 3.100 денари
- Посета на Лугано и Комо 50 евра
- Влезница за концерт од 50 евра
- Туристичка такса 4 евра на ден (се плаќа во хотелот)
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување 250 денари
Напомени:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

 

Галерија

milano milano milano milano