МАЛТА

23.05 – 27.05.2018
5 дена /4 ноќи / авион
Малта

   
23 Мај (среда)
   СКОПЈЕ - МАЛТА
Состанок на групата на аеродромот „Александар Велики“ во 16:00 часот. Лет за Mалта (W6 7765) во 17:50, слетување на Малта во 19:35 часот. Трансфер и сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
24 Мај (четврток)
   ВАЛЕТА
Појадок. Разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие што културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea“. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. Слободно време. Ноќевање.
25 Мај (петок)
   МАЛТА
Појадок.Факултативна полудневna посета на Трите Града: „Vittoriosa „Cospicua“ „Senglea”. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
26 Мај (сабота)
   МАЛТА - ГОЗО
Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел. Ноќевање.
27 Мај (недела)
   МАЛТА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време. Трансфер до аеродром. Лет за Скопје во (W6 7766) во 20:05 часот. Слетување во Скопје во 21:50 часот.
 
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба
399 еур
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Авионски превоз Скопје-Малта-Скопје
  • Организиран трансфер аеродром хотел аеродром
  • 4 ноќевања со појадок во Хотел
  • Организиран разглед со стручен локален водич според програмата - Валета
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Аеродромски такси 50 еур
  • Факултативна посета Трите Града 40 еур
  • Целодневна факултативна посета на GOZO-65 еур
  • Влезници за културно историските музеи
  • Патничко осигурување
Забелешки:
  • Организатор на ова патување е АТЛАС КОРПОРЕЈШН
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата, 20 дена пред започнување на аранжманот
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.

 

Галерија

Malta Malta Malta Malta Malta Malta Malta Malta Malta Malta Malta Malta Malta Malta