КРФ

11 Октомври 2018


КРФ
Островот Крф познат како Керкира на грчки, островот каде прекрасната Клеопатра, Кралицата на Египет и нејзиниот љубовник Марк Антони се одмараа за време на војната против Октавијан Цезар. На овој остров доаѓа и прекрасната Принцеза Елизабета, попозната како ,,Сиси,, која од Австрија избега од строгиот протокол на Австриската Монархија и го помина останатиот дел од својот живот. Крф е омилена дестинација на многу Кралеви, Кралици, Благородиници и Претседатели на Држави и на преку два милиони туристи кои секоја година летуваат на островот. Покрај големите природни убавини и шарм на овој остров можете да уживате и во големиот број на знаменитости и градби по кои е познат во целиот свет. Тука се наоѓаат и моштите на Св. Спиридон заштитник на островот како и прекрасниот залив Палеокастрица, познатата Ахилеова Палата и елегантниот град Крф, изграден во венецијански стил, жив споменик самиот по себе.
1. Ден 11.10.2018
   СКОПЈЕ - БИТОЛА – ИГУМЕНИЦА - КРФ
Состанок на групата во 03.00 часот на паркингот кај хотелот “Александар Палас“. Заминување за Игуменица. Пристигнуване во едно од најпрометните пристаништа во Грција -Игуменица. Патување со брод до островот Крф. Сместување. Слободно време за лични активности уживање во базените на хотелот или во водите на Јонското море. Вечера. Ноќевање.
2. Ден 12.10.2018
   КРФ
Појадок. Во препладневните часови организиран разглед на градот Крф и неговите знаменитости вклучувајќи ја и прекрасната Црква на Свети Спиридон од 16 век каде се и моштите на овој светец кој е заштитник на островот. Посета на Археолошкиот Музеј, Ахилеовата Палата и друго. Слободно време за прошетка низ прекрасните улици на градот.Посета на дворецот Ахилион. Вечера. Ноќевање.
3. Ден 13.10.2018
   КРФ - ПАЛЕОКАСТРИЦА
Појадок. Слободно предпладне или можност за организирана посета на северниот дел на островот и на Византискиот Манастир од 13 век посветен на Света Богородица. Посета на Палеокастрица. Во попладневните часови заминување кон градот Крф. Слободно време. Во вечерните часови враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
4. Ден 14.10.2018
   КРФ – ИГУМЕНИЦА – БИТОЛА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно предпладне. Во договореното време заминување кон пристаништето. Превоз со брод до Игуменица. Патување кон Македонија. Гранични формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
   
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 € / 9.239,оо мкд
За ЦЕЛОСНА УПЛАТА до 26.09.2018: 139 €
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз по предвидената програма
• Повратна карта со траект Игуменица – Крф - Игуменица
• 3 ноќевања на база полупансион (Вечера – појадок во хотел со 3*)
• Организација и водство на патувањето
• Разглед на градот Крф
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Влезници за музеј, археолошки локалитети и објекти од забавен карактер при разгледите
• Опционална посета на Палеокастрица ( 10 €)
Напомени:
• За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници.
• За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.
• Краен рок за пријавување: 05.10.2018
• Бројот на места ограничен.