КОПАОНИК - Зима 2017 / 2017



Копаоник е најголем скијачки центар во Србија и несомнено еден од најубавите центри во овој дел на Европа. Копаоник поседува неверојатен природен потенцијал од околу 200 сончеви и околу 160 денови под снежна покривка во текот на годината. Прекрасно уредените терени на скијачкиот центар Копаоник со 62 км стази за алпско и нордиско скијање како и сноуборд парк кој е опремен по највисоките стандарди со патека со вкупна должина од 450 метри пружат неизмерно уживање на сите категории скијачи, од почетници до професионални скијачи, сноубордери и заљубеници во ноќно скијање и ски трчање. Благодарејќи на системот за вештачки снег кој покрива 97% од капацитетот на ски центарот, ски сезоната трае подолго и не зависи од временските услови. Копаоник е омилен зимски центар меѓу младата популација поради добрите забави и богатиот ноќен живот. Фамилии со деца можат да уживат во разновидните содржини на сноу паркот со зимски активности – санкање, лизгање. За најмладите и почетниците кои ги прават своите први ски чекори постои обезбеден простор со ски лента која олеснува да се совладат основните ски вештини. Копаоник е познат по одличната забава која трае до раните утрински часови во некој од големиот број кафичи, барови, дискотеки, клубови и ресторани.
Надморска височина: 1.770 м – 2.017 м
21 Плава стаза, 9 црвени стази, 6 црни стази (3 стази по ФИС Стандарди)
11 жичари и 13 ски лифта, со капацитет од над 32.000 скијачи на саат
Оддалеченост од Скопје: 300км