Најубавиот подарок за денот на жената-ексклузивен настaп на

ANDREA BOCELLI

Загреб - Хрватска
Автобус / 3 дена / 2 ноќевања
08.03.2018 – 11.03.2018
Kонцерт Andrea Bocelli - Загреб 2018
По повод Меѓународниот Ден на Жената познатиот италијански тенор – ѕвездата со моќниот глас Andrea Bocelli ќе се претстави во Загреб со спектакуларен програм од два дела. Во класичниот дел ќе ги изведува најпознатите класични опери а во вториот ќе се претстави со сопствените најголеми хитови и ќе овозможи вистинско музичко уживање со изведба на неговите најубави љубовни песни.Бидете дел од оваа љубовна магија.
   
08. МАРТ
   СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред Хотел Холидеј Ин во 21:00 ч. и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија со попатно застанување заради одмор и царински формалности.
09. МАРТ
   ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание,познатата слаткарница Ивица и Марица.... слободно време за индивидуална прошетка низ градот. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.
10. МАРТ
   ЗАГРЕБ – ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА
Појадок. После појадокот препорачуваме факултативна целодневна организирана посета на Плитвички Езера . Национален парк на само 120 км на Загреб, а под заштита на УНЕСКО како светско природно наследство. Прошетка покрај горното и долното езеро, прекрасни водопади и магична природа. Можност за возење со бродче или ручек во склоп на ресторанот на езерата. Враќање во Хотел до 17:00 часот.
Оранизирано поаѓање на концертот на Andrea Bocelli. Неколку часовно уживање во најубавите љубовни балади Time to say goodbay, Viva per lei и многу други. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.
11. МАРТ
   ЗАГРЕБ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот , одјавување од Хотелот и упатување на групата кон шопинг центар во Загреб се до 18.00 часот. Заминување за Скопје и ноќно возење.
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
 
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА Hotel INTERNATIONAL 4*
http://www.hotel-international.hr
215 € / 13.330 мкд
доплата за еднокреветна соба 50 € / 3.100 мкд
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со високо-туристички автобус
  • Сместување во хотел International 4* http://www.hotel-international.hr/homepage во Загреб со 4* на база на 2 НП (ноќевање/појадок)
  • Разглед на Загреб со локален водич
  • Влезница за концертот на “Andrea Bocelli” во Арена Загреб
  • Пратител за време на целото патување од агенциска страна
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Целодневен факултативен излет НАЦИОНАЛЕН ПАРК – ПЛИТВИЦЕ (превоз + влезница + водич) – 35 € (за реализација на излетот потребен е минимум од 30 патници)
  • Патничко осигурување 150,00 денари
Напомена:
  • Организатор на ова патување е Т.А Атлас Корпорејшн Скопје
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот, да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИН.ОД 40 ПАТНИЦИ
  • Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€

 

Галерија