КИПАР - ЛЕТО 2018

8 дена / 7 ноќи / Авион
Неверојатни 8 дена на фантастичните песочни плажи
Северен Кипар
Кипар е островска држава која се наоѓа на источниот дел од Средоземно море, во непосредна близина на Турскиот брег. На овој остров сеуште се присутни траги од древни цивилизации – Римска, Византиска и Венецијанска. Главна активност на островот се туризмот, трговијата на нивните пристаништа, извозот на облека и фармацевските производи. Кипар е членка на европската Унија со многу поволна географска положба и лежи во источниот медитеран, на раскрсница меѓу три континенти: Европа, Азија и Африка и е со површина од 9251 km2, и е трет по големина по Сицилија и Сардинија. Во Кипар има типична медитеранска клима со околу 340 сончеви денови во годината и притоа е најсончева држава во овој дел од светот.
Со својата богата историја, бројните летовалишта и разновидни плажи, Кипар секоја година привлекува се поголем број на туристи од целиот свет, пружајќи можност за одмор и провод за сите генерации.

   
1 ден
   СКОПЈЕ – СЕВЕРЕН КИПАР
Состанок на групата во 07:30 ч. на скопскиот аеродром Александар Велики два часа пред полетување. Лет со компанијата “Turkish Airlines” во 09:20 ч. до Истанбул и полетување за Ercan во 13:40ч. Пристигнување на аеродромот Ercan (ECN) во Никосија во 15:20 ч. Tрансфер до избраниот хотел и сместување во хотелот.Ноќевање.
2 – 7.ден
   
Појадок. Престој во избраниот хотел на база на избраната услуга, со 7 ноќевања. Можност за факултативни излети и екскурзии. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.
8 ден
   СЕВЕРЕН КИПАР – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите и организиран трансфер до аеродром. Лет за Истанбул во 16:15 ч. Лет за Скопје во 19:30ч.Пристигнување во Скопје во 20:00 часот.
 
Хотели Услуга Термини 03.06-10.06 21.06-28.06 08.07-15.07 20.07-27.07 09.08-16.08 29.08-05.09 10.09-17.09 20.09-27.09
Број на ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7
 Ноќевања Ноќевања Ноќевања Ноќевања Ноќевања Ноќевања  Ноќевања Ноќевања
OLIVE TREE HOTEL 4*
https://en.hotelolivetree.com 
HB По лице во1/2  595 595 645 645 645 645 595 595
Трето лице 585 585 615 615 615 615 585 585
Еднокреветна 685 685 715 715 715 715 685 685
Дете 0-2 35 35 35 35 35 35 35 35
Дете 0-6 360 360 380 380 380 380 360 360
Дете 7-12 470 470 490 490 490 490 470 470
OSCAR RESORT HOTEL 4*
https://oscarresort.com 
 HB По лице во1/2 685 685 715 715 715 715 685 685
Трето лице 660 660 690 690 690 690 660 660
Еднокреветна 830 830 860 860 860 860 830 830
Дете 0-2 35 35 35 35 35 35 35 35
Дете 0-6 380 380 395 395 395 395 380 380
Дете 7-12 535 535 555 555 555 555 535 535
DENIZ KIZI HOTEL 4*
https://www.denizkizi.com 
HB По лице во1/2 685 685 715 715 715 715 685 685
Трето лице 675 675 705 705 705 705 675 675
Еднокреветна 975 975 995 995 995 995 975 975
Дете 0-2 35 35 35 35 35 35 35 35
Дете 2-12 530 530 550 550 550 550 530 530
MERIT CYPRUS GARDENS 4*
https://www.gonorthcyprus.com 
ALL По лице во1/2 695 695 725 725 725 725 695 695
Трето лице 670 670 700 700 700 700 670 670
Еднокреветна 840 840 870 870 870 870 840 840
Дете 0-2 35 35 35 35 35 35 35 35
Дете 0-6 380 380 395 395 395 395 380 380
Дете 7-12 525 525 545 545 545 545 525 525
SALAMIS BAY CONTI HOTEL 5* http://www.salamisb ayconti.com/index.php/en   ALL По лице во1/2 910 910 940 940 940 940 910 910
Трето лице 855 855 885 885 885 885 855 855
Еднокреветна 1095 1095 1125 1125 1125 1125 1095 1095
Дете 0-2 35 35 35 35 35 35 35 35
Дете 0-6 380 380 395 395 395 395 380 380
Дете 7-12 535 535 555 555 555 555 535 535
ACAPULCO RESORT & SPA HOTEL 5*
http://acapulco.com.tr/EN/HOMEPAGE
HB По лице во 1/2 775 775 799 799 799 799 775 775
Трето лице 727 727 747 747 747 747 727 727
Еднокреветна 990 990 1016 1016 1016 1016 990 990
Дете 0-2 35 35 35 35 35 35 35 35
Дете 0-6 305 305 320 320 320 320 305 305
Дете 7-12 569 569 580 580 580 580 569 569
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со авион на релација Скопје – Ercan – Скопје, со компанијата “Turkish Airlines”
  • 7 ноќевања во избраниот хотел на база на избраната услуга према табелите во ценовникот
  • Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром
  • Локална асистенција за време на престојот
  • Организација и реализација на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Aеродромски такси во износ од 3000 денари по лице и се плаќаат во агенцијата при уплата на аранжманот
  • Задолжително патничко осигурување – 250 денари
  • Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии
Услови и начини на плаќање:
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 ден. за 1 евро
  • При пријавувањето се уплаќа аконтација од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, а останатиот износ се плаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање
Легенда:
BB - Ноќевање со појадок
HB - Полу Пансион (појадок и вечера )
FB - Полн пансион (појадок, ручек и вечера)
FB+ - Проширен Полн пансион (појадок, ручек, вечера, вода и вино со оброците)
ALL - Се вклучено

Ред на летање:
TK1004 SKOPJE-ISTANBUL 0920 1155
TK 968 ISTANBUL- ERCAN 1340 1520
TK 969 ERCAN-ISTANBUL 1615 1755
TK1005 ISTANBUL-SKOPJE 1930 2000

* * * ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АТЛАС КОРПОРЕЈШН И СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

 

Факултативни излети

Факултативни излети:


Tура на западниот брег - 30 eur
Лоциран во прекрасната рамнина Güzelyurt (или Morphou) на западниот брег се наоѓа место кое е познато како овошната градина на Кипар. Турскиот збор (Güzelyurt) може литературно да се преведе како (убава земја).Оваа екскурзија се започнува од St. Mamas Манастирот, кој е изграден во 18 век на гробот од нивниот светец.Според легендата, St Mamas е светец-заштитник на даночните затајувачи.
Потоа ќе го посетите Музејот Guzelyurt, кој се наоѓа веднаш до црквата. Музејот за природна историја има извонредна колекција од археолошки артефакти кои датираат од 8-миот век п.н.е. Овој прекрасен предел е исполнет со разноврсна флора и фауна.Во продолжение на вашето патување ќе го посетиме античкиот град на Соли. Историјата на овој град датира од 7век п.н.е. кога Солон, познатиот филозоф на Грчката антика, предложен од кралот Филокпрос ќе го среди градот на таа локација. Во Соли може да се сретнат најуникатни дела на подни мозаици.

Античкиот град Саламис – 30 eur
Областа околу Фамагуста од секогаш била совршено место за населба. Местоположбата, плодното земјиште и прекрасното пристаниште направиле идеална локација за трговија со Блискиот Исток. Урнатините на античкиот град Саламис се одлично зачувани. Во центарот на Римскиот град, се наоѓаат гимназијата, бањите и театарот кои се ископани и се делумно реконструирани. Во бањите, сеуште може да се видат фрески и мозаици. Во близина е грчкиот храм на Зевс Саламинос, изграден во времето на изградбата и основањето на градот. Од Византиските времиња остануваат остатоците од 4-тиот центар на St. Epiphanius и Kampanopetra базиликата.

Западен брег и посета на Никозија – 50eur
Обиколката започнува со посета на манастирот St.Mamas на Западниот брег, каде што колекцијата на икони во црквата ќе го засени секој посетител. Потоа турата продолжува до урнатините на древниот град Соли, каде што базиликата може да се пофали со извонредни мозаични подови. Понатаму, ќе го видите обновениот театар на Соли. После вкусниот ручек покрај море, патувањето ќе ве однесе до поделениот град Никозија. Историското јадро на градот има свој ориентален шарм со Kyrenia Gate, Ottoman caravansary и џамијата Selimiye.

 

Фамагуста – 35 eur
Фамагуста претставува четврти град по големина на Кипар. Овој град нуди најдобри плажи и прекрасни хотели. Екскурзијата на Фамагуста ќе биде фасцинантна за сите оние кои се заинтересирани за историјата и ќе уживаат во прекрасните глетки при разгледот во текот на целиот ден.
За почеток, ќе ги посетите урнатините на античкиот град Salamis. Градот, прославен од Хомер, некогаш бил најголемиот и најбогат град на античкиот свет. Театарот, гимназијата и другите градби од римскиот период се многу добро зачувани и ви пружааат увид во архитектурата на оваа величествена ера.
Потоа ќе го посетиме манастирот St.Barnabas, каде што ќе го видите прекрасниот музеј на Иконите, богатиот Археолошки музеј и капелата која е изградена над гробот на апостолот Barnabas. Продолжуваме да го откриваме историскиот стар град Фамагуста, местата на интерес ја вклучуваат кулата на Отело, венецијанските утврдувања, Лала Мустафа Паша џамијата и бројните црковни остатоци. На крајот ќе уживате во слободното време во Фамагуста.


Екскурзија во Карпаз – 30 eur
Нашата екскурзија до полуостровот Карпаз е авантура која го одзема здивот. Карпаз има спектакуларен пејсаж. Малите рибарски села, прекрасните песочни плажи и интересната флора и фауна ќе ве натераат да се заљубите во ова место на прв поглед. Освен тоа, жителите на многуте селски населби се едни од најпријателски расположените жители на Кипар. Во текот на денот, ќе добиете можност да се напиете кафе во шармантното пристаниште во Богаж, мало рибарско селце. Посетата на фабриката за маслиново масло ќе ве запознае како со старите така и со современите процеси на производство на маслиново масло. Жителите на Кипар ја гледаат убавината на Карпаз како свето нешто, исто како и светоста на манастирот Св. Андреј, кој се наоѓа на најисточниот врв на полуостровот. Поставен на самото крајбрежје манастирот претставува многу важна верска локација на грчките кипарски верници.
Како за крај,особено е важен моментот за ралаксирање на Златната плажа која е една од најубавите не само на островот туку и во Европа.

 

Целодневна тура низ Киренија – 35 eur
Овој романтичен град се наоѓа на северната страна од островот. Овој дел посебно го краси византиската тврдина која ни пружа прекрасен поглед на старото пристаниште. Овој град се наоѓа во падините на планинскиот венец, со прекрасна летна температура која овозможува подетално истражување и разглед на градските улици, посета на градските ресторани и прекрасните уникатни песочни плажи.
Целодневната тура низ Кипар ќе ве однесе до Северниот дел на островот каде може да откриете нешто повеќе како за нивната историја така и за нивната модернизација. Турата тргнува од уникатниот замок Хиларион, кој е најголемиот замок на островот, неговата положба во планинскиот предел Киренија пружа прекрасен панорамски поглед на целата околина. Овој замок го инспирирал и самиот Волт Дизни за да го замисли и ископира во некои од неговите цртани филмови.
Во продолжение прошетката и разгледот ќе не донесе до фамозната опатија Norbertine Abbey of Bellapais или "Abbey of Peace"( опатијата на мирот ) изградена во готски стил.
За крај ке дознаете нешто повеќе и за волшебниот стар град на Киренија. По посетата на најинтересните локации како што се тврдината на пристаништето и Shipwreck Museum - музејот на бродоломот, ќе можете да уживате во слободното време и сами да ја истражувате Киренија.

 

Галерија

kipar kipar kipar kipar kipar kipar kipar kipar kipar kipar kipar kipar kipar kipar kipar kipar kipar kipar kipar kipar