Турција - Кемер Лето 2017


Список на хотели во Кемер со попусти за РАН БУКИНГ ТЕРМИНИ
За допoлнителни информаци поврзани со цените обратете се во АГЕНЦИЈА


Кемер

АНТАЛИЈА 2017
ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ - 7, 10, 11 & 14 ДЕНА
ХОТЕЛИ ВО ПОНУДА - АНТАЛИЈА БЕСПЛАТНИ ДЕЦА во основен тип на соба (со 2 возрасни лица) ПОПУСТИ (%) за РАН БУКИНГ на резервации до: ДОПОЛНИТЕЛНИ
ЗАБЕЛЕШКИ
ИМЕ НА ХОТЕЛ КАТ. РЕГИОН 1во дете 2ро дете 15.мар 31.мар 15.апр 30.апр 15.мај 31.мај
ALVA DONNA WORLD PALACE 5***** KEMER 11 // 20% 20%        
BARUT KEMER 5***** KEMER 12 // 30% 10%        
CAMYUVA BEACH HOTEL 4**** KEMER 6 // 10% 10% 10%       10% do 24.04
CARELTA BEACH HOTEL 4****+ KEMER 13 2 25% 25% 25% 25%    
CHAMPION HOLIDAY VILLAGE RESORT 5***** KEMER 14 6 20% 20%         NAJDOBRI CENI !!!
CRYSTAL AURA BEACH RESORT & SPA 5***** KEMER 11 // 30% 30% 15% 15%     + Turbo Bonus (za min. 7noki)
CRYSTAL DE LUXE RESORT & SPA 5***** KEMER 11 // 30% 30% 15% 15%     + Turbo Bonus (za min. 7noki)
CRYSTAL FLORA BEACH RESORT 5***** KEMER 11 // 30% 30% 15% 15%     + Turbo Bonus (za min. 7noki)
CRYSTAL NIRVANA LAGOON VILLAS SUITES & SPA 5***** KEMER 11 // 30% 30% 15% 15%     + Turbo Bonus (za min. 7noki)
FAME HOTEL 3*** KEMER 5 // 20% 20% 15% 15%    
FAME RESIDENCE GOYNUK  4**** KEMER 11 // 35% 35% 20% 20%    
FAME RESIDENCE KEMER & SPA 5***** KEMER 11 // 35% 35% 20% 20%    
FAME RESIDENCE PARK 4**** KEMER 5 // 35% 35% 20% 20%    
GRAND RING HOTEL 5***** KEMER 11 2 30% 30% 15% 15%    
HOTEL GOLDEN SUN 3***+ KEMER 7 7 15% 15% 10% 10% 10%  
HYDROS CLUB 4**** KEMER 12 2 20% 20%        
KARMIR RESORT & SPA 5***** KEMER 6 // 30% 30%        
LIMAK LIMRA 5***** KEMER 14 14 30% 30% 15% 15%     *** CHD PROMO (30.04)
MIRADA DEL MAR HOTEL 5***** KEMER 11 2 20% 20% 15% 15% 10%  
OZKAYMAK MARINA HOTEL 5***** KEMER 12 6 25% 25% 20% 20%    
PARK KIMEROS HV-1 5***** KEMER 12 2 15% 15% 15% 15%    
QUEEN'S PARK GOYNUK HOTEL 5***** KEMER 11 2 35% 35%        
QUEEN'S PARK LE JARDIN HOTEL 5***** KEMER 11 2 35% 35%        
RIXOS BELDIBI 5***** KEMER 11 2 15% 15% 10% 10%     + Turbo Bonus + Age promotion
RIXOS PREMIUM TEKIROVA 5***** KEMER 11 // 15% 15% 10% 10%     + Age promo (-5% 60y+)
RIXOS SUNGATE 5***** KEMER 11 2 15% 15% 10% 10%     + Age promo (-5% 60y+)
SAILOR'S BEACH CLUB 4**** KEMER 12 2 30% 30%        
SHERWOOD CLUB KEMER 5***** KEMER 12 2 35% 35%        
SHERWOOD GREENWOOD RESORT HOTEL 4**** KEMER 12 2 35% 35%        
SIMENA SUN CLUB 5***** KEMER 11 // 30% 30% 30%      
VIKING APART HOTEL APART KEMER 12 12 20%-30% 20%-30% 10% 10%     * 30% do 23.06 / 20% od 24.06
VIKING NONA BEACH HOTEL 3*** KEMER 12 6 20%-30% 20%-30% 10% 10%     * 30% do 23.06 / 20% od 24.06
VIKING STAR HOTEL 4****+ KEMER 12 6 20%-30% 20%-30% 10% 10%     * 30% do 23.06 / 20% od 24.06
ZENA RESORT 5***** KEMER 11 // 15% 15% 10% 10%    


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ


1.ден СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА
Состанок на скопскиот аеродром Александар Велики два часа пред полетување. Полетувањето на авионот на Sun Express кон Анталија со број на лет XQ5155 во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, трансфер до избраниот хотел и сместување во соба според определеното време/правило на пријавување (по 12:00 часот на денот на пристигнувањето).


2 – 6/9/10/13ден Престој во Хотел
Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, со 6, 9, 10 или 13 ноќевања, во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.


7/10/11/14.ден АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ

Напуштање на собите најдоцна до 12 часот, според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Лет за Скопје во поставеното време со Sun Express . Пристигнување во Скопје наредниот ден рано наутро. Крај на услугите.



ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Превоз со авион на релација Скопје – Анталија – Скопје, со компанијата “Sun Express”.
* Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин, према табелите во ценовникот.
* Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
* Услугите на претставникот на организаторот или ино - партнерот на дестинацијата.
* Трошоци за организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
"* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
* За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Early Booking, специјални понуди итн...), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.
* Резервации и уплати може да се вршат само преку партнерската мрежа од агенции (субагенти) на Аса Тур. Директни резервации во Аса Тур не може да бидат направени од страна на крајните корисници, патниците.
* Плаќањето кон Аса Тур е безготовинско, односно може да биде извршено само со банкарски трансфер / трансакција.

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ И АСА ТУР СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

ЗАБЕЛЕШКИ:

Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА ПРОЦЕСИРАЊЕ РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 30% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ со доплата од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот до датумот на завршување на Early Booking попустот, освен ако не е наведено поинаку. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени и истите се предмет на барање и одобрување. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).

* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.

* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град... организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.

* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.
* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.

* За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14Ч00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.

* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

АСА Тур не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување.